Јаворец

село во Општина Кичево

Јаворец (познато и како Јаорец) — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Јаворец

Поглед на селото

Јаворец во рамките на Македонија
Јаворец
Местоположба на Јаворец во Македонија
Јаворец на карта

Карта

Координати 41°31′9″N 20°52′45″E / 41.51917° СГШ; 20.87917° ИГД / 41.51917; 20.87917
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12025
Надм. вис. 1028 м
Јаворец на општинската карта

Атарот на Јаворец во рамките на општината
Јаворец на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото првпат е споменато како „Јаворче“ во 1568/69 година во турските дефтери. Името доаѓа од дрвото јавор плус наставката -ец.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во западниот дел на Кичевската Котлина, во горното сливно подрачје на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 1.000 метри. Од градот Кичево е оддалечено 9 километри.[3]

Куќите на ова мало село се наоѓаат на долинска падина, лево од реката Студенчица. Околни села се Горно Добреноец и Кнежино.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Трно Слива, Вршец, Цер, Горни Јаорец, Гроб, Велкоа Ливада, Јаорце, Црн Камен, Кобилинец и Конопишта.[4]

Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи е мало но сепак има родовско групирање.[4]

Селото Јаворец се наоѓа во областа Горна Копачка.

Историја

уреди

Јаворец претставува старо село во Кичевско. Под името Јавор се сретнува како дервенџиско село во XV век, кога имало 4 словенски христијански куќи.[4]

Поради некоја причина, селото било напуштено. Денешното село било основано пред 150 години, од страна на три доселеници од некое охридско село, кое повеќе не постои.[4]

Јаворец најпрвин се наоѓало на 1 километар погоре од денешната положба, во месноста Горни Јаорец. За да бидат жителите поблизу до долината на Студенчица го преместиле селото подолу.[4]

Во XIX век, Јаворец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Во текот на Втората светска војна, балистите од Зајас, Колари и Грешница одзеле 1.500 кози и овци од селото.[4]

Стопанство

уреди

Атарот е мал и зафаќа простор од 6,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 476 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 94 хектари, а на пасиштата само 32 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948172—    
1953193+12.2%
1961139−28.0%
1971142+2.2%
198118−87.3%
ГодинаНас.±%
19919−50.0%
19947−22.2%
20025−28.6%
20211−80.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 14 домаќинства со 55 жители христијани (Македонци).[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јаворец имало 160 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Јаворец имало 176 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Јаорец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[8]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Јаворец:[9]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
26 10 2 0 2 61 70 131

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[10]

Селото е мало, кое што во 1961 година броело 139 жители, а во 1994 година само седум жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Јаворец живееле 5 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жители, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 176 172 193 139 142 18 9 7 5 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Јаворец е чисто македонско православно село. Јаворец потекнува од ХVIII век, тогаш го основале доселеници од раселеното село Јаорец во Дебрца, тоа село се наоѓало помеѓу селата Велмеј и Брежани, но во атарот на селото Велмеј.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Милошевци (10 к.), Трајановци (7 к.) и Илиовци (6 к.), потекнуваат од тројца браќа Милош, Трајан и Илија кои се доселиле од раселеното село Јаорец. Постои традиција дека еднаш населението од селото Јаорец се истепало и искарало и затоа пропаднало селото, едни дошле во Кичевско каде го основале селото Јаворец, а други отишле во селото Велмеј (Иљовци и Андреевци). Во родот Трајановци се знае следното родословие: Дејан (жив на 62 г. во 1961 година) Исо-Штерјо-Дејан-Трајан кој се доселил.[4]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Гроздановци (10 к.), Костевци (10 к.), Димовци (5 к.) и Илијовци (3 к.), дојдени од Охридско или од Галичник.[16]

Самоуправа и политика

уреди
 
Главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Јаворец, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Лавчани, Манастирско Доленци, Подвис, Пополжани и Србјани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подвис.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0762 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Горно Добреноец. Во избирачкото место влегуваат селата Горно Добреноец и Јаворец.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.[20]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[21]
Реки[22]

Иселеништво

уреди

Родот Стрезовци (4 к.) се иселил во кичевското село Челопек. По Втората светска војна се иселиле 13 домаќинства, кои се иселиле во низинските предели, како Другово (5 к.), Староец (4 к.) и Кичево (4 к.).[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 97.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 138. Посетено на 25 јануари 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 82–83.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
  9. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јануари 2019.
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 јануари 2019.
  18. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-02. Посетено на 25 јануари 2019.
  19. „Референдум 2018“. Посетено на 25 јануари 2019.[мртва врска]
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 69. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди