Добрево
Добрево — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Добрево | |
![]() Панорамски поглед на селото Добрево | |
Координати 42°01′27″N 22°11′50″E / 42.02417° СГШ; 22.19722° ИГДКоординати: 42°01′27″N 22°11′50″E / 42.02417° СГШ; 22.19722° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 340[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21008 |
Надм. вис. | 600 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Добрево се наоѓа во рударско подрачје исполнето со конусни ридови, кои се вонредно богати со олово-цинкова руда. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 600 м. Атарот на селото зафаќа површина од 9,5 км2 и се граничи со Општина Кратово. Добрево е оддалечено околу 6 км од Пробиштип.[2]
Традиционно, до Втората светска војна, селото било поделено на следните маала: Кацарско, Шутевско, Витановско, Тулумџиско, Кумичарско и Јуручко маало. Меѓу првите пет маала е сместено сретселото.[3]
ИсторијаУреди
Селото се споменува во две грамоти на царот Стефан Душан и деспотот Константин Дејанов от 1381 година.[4] Во него се споменува дека се наоѓала црква „Св. Варвара“, којашто деспотот Јован Оливер ја приложил на Лесновскиот манастир во 1341 година.[2]
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување. Сите мажи побегнале незаконски и војската се распоредила околу нивните имоти.[5]
За време на Првата балканска војна, од селото имало 5 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[6]
Францускиот шпион Анри Пози во својата книга „Војната се враќа“ (1934), раскажува потресувачка случка за српските тормози над Македонците:
„ | Во селото Добрево, една 16-годишна мома, Миладина Тачева, обвинета и осудена дека пеела македонска песна, била соблечена гола, врзана за една даска и ѝ биле нанесени 60 удари со стап по крсната коска. Потоа, била малтретирана од страна на началникот на групата и неговите другари - шестмина![7] | “ |
СтопанствоУреди
Вкупната земјоделска површина во атарот на селото изнесува 881 ха, од кои обработливото земјиште е на површина од 276 ха, пасиштата се на 187 ха, а шумите на 418 ха.[8] Селото има полјоделско-шумарска функција, но голем дел од населението се занимава со рударство.[2] Во селото се наоѓа рудникот на олово-цинкова руда „Добрево“.
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Добрево имало 290 жители, сите Македонци.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Древено имало 320 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 340 жители, од кои 336 Македонци, 2 Турци и 2 од друга етничка припадност. Бројот на домаќинства изнесувал 100, а бројот на живеалишта 175.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[11] | 1905[12] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 290 | 320 | 457 | 1.049 | 1.053 | 736 | 502 | 420 | 442 | 340 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
РодовиУреди
Добрево е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Шутевци (11 к.), Витановци (14 к.), Тулмиџици (7 к.), Соларци (5 к.), Божидарци (5 к.) и Наумовци (4 к.)
- Доселеници: Кумичарци (25 к.) доселени се во првата половина на XVIII век од кривопаланечкото село Дурачка Река; Кацарци (18 к.) доселени се пред крајот на XVIII век од кочанското село Бели; Јуруци (4 к.) се доселиле од некое село во Радовишко; Кузмановци (4 к.) и Јованчевци (3 к.) доселени се од селото Јамиште; Јаребинци (2 к.) доселени се од кратовското село Шлегово; Калугерци (2 к.) доселени се од селото Лесново.[14]
Општествени установиУреди
Во селото има основно училиште коешто работи до четврто одделение, амбуланта, продавници и угостителски објекти.[2]
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1554 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 211 гласачи.[16]
Културни знаменитостиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — главна и единствена селска црква.[17]
- Споменици[18]
- Споменик во чест на третата Македонско–кумановска ударна бригада; и
- Спомен плоча посветена на загинатите борци при нападот на рудникот „Злетово“.
ЛичностиУреди
- Шенка Колозова (р. 1947) — македонска глумица.
- Коле Досев Алексов — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 97.
- ↑ Апостолов, Александар, Кондев, Тодор, Керамидчиев, Апостол, Василевски, Ангел, Арсениевски, Лазо и Домазетовски, Стоимир. „Злетовска област, географско-историски осврт“. Скопје, 1974. стр. 61.
- ↑ Матанов, Христо. „Княжеството на Драгаши“. София, 1997. с. 220.
- ↑ „Дебърски глас“. Година 2, бр. 26. 20 октомври 1910. стр. 4.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 842.
- ↑ Пози, Анри. „Войната се завръща Архивирано на 13 декември 2014 г.“. Планета-7. София, 1992.
- ↑ Населени места во Општина Пробиштип — Добрево, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)