Севендекли

село во Општина Дојран

Севендекли — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.

Севендекли

Воздушен поглед на селото Севендекли

Севендекли во рамките на Македонија
Севендекли
Местоположба на Севендекли во Македонија
Севендекли на карта

Карта

Координати 41°17′8″N 22°40′48″E / 41.28556° СГШ; 22.68000° ИГД / 41.28556; 22.68000
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Област Беласица
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06023
Надм. вис. 340 м
Севендекли на општинската карта

Атарот на Севендекли во рамките на општината
Севендекли на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од патот Нов Дојран-Гевгелија (или Валандово) е оддалечено 4,5 километри.[2]

Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска.

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Историја

уреди

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 7,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 456 хектари, на пасиштата отпаѓаат 210 хектари, додека на обработливите површини 92 хектари. Во минатото во селото имало продавница.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948349—    
1953390+11.7%
1961101−74.1%
197170−30.7%
198145−35.7%
ГодинаНас.±%
199143−4.4%
199420−53.5%
20023−85.0%
20210−100.0%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 63 домаќинства со 150 жители муслимани.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Севендекли живееле 465 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци.[6]

Селото е мало и населено само со турско население. Така, во 1961 година селото имало 101, а во 1994 година само 20 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Севендекли имало 3 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 465 349 390 101 70 45 43 20 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Севендекли било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Севендекли се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Севендекли, во која влегувале селата Дурутли, Севендекли и Џумабос.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали и Севендекли.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 267.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 април 2024.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
  14. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 29 април 2024.

Надворешни врски

уреди