Возарци

село во Општина Кавадарци

Возарци — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Возарци

Панорамски поглед на селото

Возарци во рамките на Македонија
Возарци
Местоположба на Возарци во Македонија
Возарци на карта

Карта

Координати 41°25′48″N 21°55′28″E / 41.43000° СГШ; 21.92444° ИГД / 41.43000; 21.92444
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Тиквеш
Население 892 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1424
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11007
Надм. вис. 160 м
Слава Ѓурѓовден
Возарци на општинската карта

Атарот на Возарци во рамките на општината
Возарци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, непосредно од десната страна на Црна Река, како истек на вештачкото Тиквешко Езеро.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 160 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 8 километри. Селото е сместено на самиот регионален пат Кавадарци-Прилеп.[2]

Атарот зафаќа простор од 7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 303,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 296,3 хектари, а на шумите само 3,4 хектари.[2]

Селото се наоѓа во рамница на десниот брег на Црна Река. Селото има правоаголен карактер.[3]

Историја

уреди
 
Селото за време на Првата светска војна (француска разгледница)

Подрачјето на селото е населено уште од доцноантичко време, за што сведочат остатоците од населби и некрополи.[4]

Селото било христијанско од чифлички тип.[3]

Во XIX век, Возарци било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди
 
Згура исфрлена од комбинатот „Фени Индустри“ во близина на селската црква

Селото има полјоделска функција.[2]

Селаните биле орачи и чифчии за време на турското ропство на чифликот на Синановци од Кавадарци. Во близина на селото поминувал штипско-прилепскиот друм, а во близина на населото се наоѓал и Возарчански Хан. До 1890 година од селото па до Кавадарци се одржувал голем панаѓур за Ѓурѓовден.[3]

Денес, населението главно се занимава со земјоделство, особено со лозарство. Во селото се наоѓа најголемиот метарлуршки погон во Македонија, фабриката „Фени Индустри“. Во селото постојат повеќе продавници и угостителски објекти. Покрај Фени, во селото постојат погони на компанијата „Урбан Инвест“ и „Мозаик Стоун“, седиштето на бензинските пумпи „Црна Река“, винарската визба „Кит-Вин“, електричната централа „ХЕЦ Тиквеш“, земјоделската задруга „Гоце Делчев“, „Евро млин“ и други.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948338—    
1953331−2.1%
1961386+16.6%
1971652+68.9%
1981857+31.4%
ГодинаНас.±%
1991878+2.5%
1994884+0.7%
2002910+2.9%
2021892−2.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Возарци имало 195 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Возарци имало 136 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Возарци има позитивен популациски биланс. Селото, во 1961 година броело 386 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 884 жители, од кои 878 биле Македонци, а пет жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Возарци имало 910 жители, од кои 904 Македонци, 5 Срби и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 892 жители, од кои 821 Македонец, 1 Србин, 1 останат и 69 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 195 136 338 331 386 652 857 878 884 910 892
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Како родови во Возарци се споменуваат:[3]

  • Старинци: Тренчевци (3 к.); Димовци (2 к.); Мицовци (3 к.); Камчевци (2 к.); Аневци (1 к.) и Саздовци (1 к.)
  • Доселеници: Андовци (3 к.) доселени се во 1884 година од селото Бегниште; Андовци (1 к.) доселени се во 1886 година од селото Праведник; Лазовци (1 к.) доселени се во 1899 година од селото Ваташа; Ѓошевци (1 к.) доселени се во 1902 година од селото Конопиште; Лазевци (1 к.) доселени се во исто време и од истото село; Димковци (1 к.) доселени се од Грбовец; Гочевци (1 к.) доселени се од селото Подлес во 1909 година; Јованчевци (1 к.) доселени се во 1911 година од селото Драдња; Ѓорѓовци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Драдња; Ризовци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Праведник.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Возарци, во која се наоѓале селата Брушани, Возарци и Шивец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Возарци се наоѓале селата Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

уреди
 
Главната селска црква „Св. Богородица“

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0698 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Шешково, Драдња, Галиште, Праведник и Возарци, кое е сместено во основното училиште во село Возарци.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 755 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 754 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[18][19]
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Голема Страна — некропола од доцноантичко време
  • Гршниче — некропола од доцноантичко време
  • Долно Кале — утврдена населба од доцноантичко време
  • Кале — утврдена населба од доцноантичко време
  • Чаирче — населба од доцноантичко време

Редовни настани

уреди

Култура и спорт

уреди

Во селото постои фудбалскиот клуб ФК Црна Река.

Иселеништво

уреди

Од селото се имаат иселено 10 муслимански куќи во Мала Азија во периодот пред Првата светска војна.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 57. Посетено на 10 февруари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 445-446. |access-date= бара |url= (help)
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 145-146. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 февруари 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „ООУ Страшо Пинџур“. Архивирано од изворникот на 2018-06-06. Посетено на 10 февруари 2018.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 февруари 2018.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-24. Посетено на 10 февруари 2018.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 10 февруари 2018.

Надворешни врски

уреди