Палиград
Палиград — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географиja и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Торбешија во јужното подножје на планината Китка.
ИсториjaУреди
Во XIX век селото е дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Палиград живееле 185 жители, сите Албанци.[1] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото има 96 жители.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Палиград, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.
На пописот од 1994 година селото има 397 жители, а на последниот попис од 2002 година селото Палиград има 303 жители, од кои 302 Албанци и 1 Бошњак.[2] Селото е албанско, кое има 303 жители, од кои сите се Албанци.
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230[1] | 96[4] | 619 | 631 | 472 | 418 | 407 | 397 | 303 |
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 116-117.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |