Попоец

село во Општина Кичево

Попоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Попоец

Поглед на горниот дел од селото

Попоец во рамките на Македонија
Попоец
Местоположба на Попоец во Македонија
Попоец на карта

Карта

Координати 41°27′34″N 20°48′19″E / 41.45944° СГШ; 20.80528° ИГД / 41.45944; 20.80528
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12057
Надм. вис. 882 м
Попоец на општинската карта

Атарот на Попоец во рамките на општината
Попоец на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на десната страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 800 до 920 метри.[2]

Селото се наоѓа под превојот Пресека (1.080 метри), а околни села се Малкоец и Иванчишта.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Краста, Пресека, Утово, Голак, Умалишта и други.[3]

Селото е од збиен тип. Се разликуваат повеќе маала, во кои се групирани родовските куќи.[3]

Селото Попоец се наоѓа во областа Горна Копачка, на источните падини на Стогово. Оддалечено е 17,5 километри југозападно од Кичево.

Историја

уреди

Попоец се смета за едно од поновите села во Кичевската Котлина. По народното предание, Попоец е основано кога и соседното село Малкоец, односно во втората половина на XVIII век.[3]

Основачот на Попоец има исто потекло како основачот на соседното село Малкоец, од сливот на Црн Дрим, негде од околината на Струга. По него било крстено и самото село, а од него потекнуваат сите денешни родови.[3]

Во XIX век, Попоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Сепак, на атарот на селото се наоѓаат остатоци од стари гробови и црквишта, што укажува дека во дамнината атарот бил населен.[3]

Жителите на селото многу страдале од непријателите во текот на Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 594 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 85 хектари.[2]

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948397—    
1953395−0.5%
1961375−5.1%
1971267−28.8%
1981123−53.9%
ГодинаНас.±%
199152−57.7%
199449−5.8%
200234−30.6%
202110−70.6%

Според податоците од 1873 година, селото имало 48 домаќинства со 185 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Попоец имало 410 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Попоец имало 400 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Попоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[7]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Вранештица:[8]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
56 16 32 0 32 99 116 215

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Попоец било средно по големина село, па преминало во мало село. Така, во 1961 година селото имало 375, а во 1994 година, само 49 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Попоец живееле 34 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 410 400 397 395 375 267 123 52 49 34 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Селото Попоец е населено со Македонци христијани. По преданието селото не е многу старо, потекнува од крајот на XVIII век, кога во селото се населил некој поп по кого и го добило името селото. Попот дошол од некое село во Струшко. Сите денешни родови во селото потекнуваат од Попот.[3]

Родови во Попоец се: Божиновци, Павлевци, Костовци и Грујовци.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Божиновци (15 к.), Костовци (13 к.), Павлевци (13 к.) и Грујовци (12 к.), сите потекнуваат од основачот на селото кој дошол од селото Клење во Голо Брдо и сите слават Свети Никола и Огнена Марија.[15]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Попоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец и Малкоец.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0776 според Државната изборна комисија, сместено во културниот дом.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[20]

Личности

уреди
Родени во Попоец

Иселеништво

уреди

Од селото имало иселување на населението. Родовите Ѓорѓиовци и Стефановци се иселиле во Долно Мелничани во долината на реката Радика. Родот Дојчиноски (1 к.) живеат во селото Слепче, во околината на Прилеп. Родот Велјаноски (1 к.) се иселил во Глогоњ, близу Панчево.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 241. Посетено на 11 февруари 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 89–90.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
  8. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 февруари 2019.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 22 февруари 2019.
  17. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-28. Посетено на 22 февруари 2019.
  18. „Референдум 2018“. Посетено на 22 февруари 2019.[мртва врска]
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 877–882.
  22. 22,0 22,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди