Ветерско
Ветерско — село во Општина Велес, недалеку од вештачкото езеро Младост, познато како Велешко Езеро.
Географија и местоположбаУреди
Ветерско се наоѓа во крајниот периферен северен дел на Општина Велес, во јужното подножје на Градиштанска Планина, на 16 километри оддалеченост од градот Велес и на 39 километри југозападно од градот Скопје. Сместено е од левата страна на патот Скопје - Велес којшто води по долината на реката Пчиња.
ИсторијаУреди
Во селото постои мала црквичка Свети Никола која до почетокот на XX век била во урнатини (најверојатно ја урнале Турците и маџирите-бегалци од Босна и Херцеговина кои биле населени тука во 1887/89, а биле избркани околу 1914/15 година).
НаселениеУреди
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ветерско било село со 15 домаќинства од 73 жители Македонци[1].[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 115 жители, сите Македонци.[1][3]
На почетокот на XX век целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ветрино имало 136 Македонци, сите под егзархијата.[1][4]
На етничката си карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Ветерско (Vetersko) како македонско христијанско село.[5][6]
Според пописот од 2002 година, во селото Ветерско живеат само 9 жители, сите Македонци.[7]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[8]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 115 | 136 | 228 | 226 | 210 | 116 | 49 | 17 | 16 | 9 |
РодовиУреди
Ветерско е македонско село.
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
- Доселеници: Малиновци или Каламановци доселени се од селото Бадар; Стојчевци доселени се од селото Малино; Мановци се делат на Маневци и Јаневци, Мировци, Галевци кои знаат предание дека водат подалечно потекло од Мијачијата од Тресонче[9] и Карабела- Костиќ доселени се, но не знаат од каде.
Многу одамна во селото живеел и некој Димитрија доселен од околината на Петрич во Пиринска Македонија, но семејството му изумрело.[10]
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
селото е опфатено во избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на здравковиќ росанда на селото Рудник.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[12]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Верски објекти
- Црква „Св. Никола“
- Ветерски манастир („Св. Јован Крстител“)
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 184–185. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 156. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 118–119.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Schultze Jena, Leonhard (1927). Makedonien : Landschafts- und Kulturbilder (германски). Jena: Verlag von Gustav Fischer.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ По кажување на Трајче Галевски, потомок на овој род
- ↑ Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.