Смоквица

село во Општина Гевгелија

Смоквица — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Смоквица

Панорама на селото од селската црква

Смоквица во рамките на Македонија
Смоквица
Местоположба на Смоквица во Македонија
Смоквица на карта

Карта

Координати 41°15′33″N 22°28′12″E / 41.25917° СГШ; 22.47000° ИГД / 41.25917; 22.47000
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 190 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1489
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06026
Надм. вис. 90 м
Смоквица на општинската карта

Атарот на Смоквица во рамките на општината
Смоквица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, во Гевгелиското Поле.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 90 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 15 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 24,3 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.716 хектари, на пасиштата отпаѓаат 293 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.[2]

Историја

уреди
 
Историска панорама на селото од 1931 година

Во XIX век, Смоквица било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

уреди

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948521—    
1953513−1.5%
1961523+1.9%
1971493−5.7%
1981416−15.6%
ГодинаНас.±%
1991354−14.9%
1994326−7.9%
2002263−19.3%
2021190−27.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смоквица имало 560 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смоквица имало 624 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Селото е средно по големина, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 523 жители, а во 1994 година броело 326 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Смоквица имало 263 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 190 жители, од кои 177 Македонци, 3 Срби, 4 останати и 6 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 624 521 513 523 493 416 354 326 263 190
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Општествени установи

уреди
 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Смоквица се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Прдејци и Серменин.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 367 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[17]

Личности

уреди
Родени во Смоквица

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 152. Посетено на 26 мај 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јуни 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „ООУ „Климент Охридски". македонски: ОУ „Климент Охридски“ - Миравци. Посетено на 9 јули 2017.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. 18,0 18,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  19. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  20. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди