Дренок (Кумановско)

село во Општина Старо Нагоричане

Дренок (или Дренак) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Дренок
Дренок во рамките на Македонија
Дренок
Местоположба на Дренок во Македонија
Дренок на карта

Карта

Координати 42°12′04″N 22°01′51″E / 42.20111° СГШ; 22.03083° ИГД / 42.20111; 22.03083
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 15 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1361
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17034
Надм. вис. 976 м
Дренок на општинската карта

Атарот на Дренок во рамките на општината
Дренок на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во планинската област Козјачија и е од разбиен тип, чии маала лежат на надморски височини од 640 до 1.040 м. Атарот зафаќа 16,5 км2[2]

Историја

уреди

На крајот на XIX век Дренок било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Дренок (Дрѣнъкъ) живееле 525 жители, сите Македонци христијани.[3][4]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дренок имало 560 Македонци, сите под егзархијата.[3][5] Според бугарски извори, сите 82 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.[6]

Во учебната 1907/1908 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото имало српско патријаршистичко училиште, што значи дека тоа биле години на борба за превласт помеѓу бугарската и српската пропаганда врз населението.[7]

За време на Првата светска војна Дренок имал 755 жители.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]

За време на Втората светска војна, на 10 декември 1943 година, во селото се случила битка помеѓу македонските партизани и српскиот Вардарски четнички корпус.

Стопанство

уреди

Селото има полјоделско-сточарско стопанство. Според податок од 1998 г. има 456,1 ха обработливо земјиште, 652,1 ха пасишта и 204 ха шуми.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948657—    
1953696+5.9%
1961666−4.3%
1971517−22.4%
1981364−29.6%
ГодинаНас.±%
1991157−56.9%
1994114−27.4%
200254−52.6%
202115−72.2%

Според пописот од 2002 година, во селото Дренок имало 54 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 525 560 657 696 666 517 364 157 114 54 15
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 115. ISBN 9989-862-00-1.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  6. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
  7. Хаџи-Васиљевић, Јован (1909). Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања, I. Београд: Издање Задужбине И. М. Коларца. стр. 520.
  8. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 31“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-12.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди