Вардино

село во Општина Демир Хисар

Вардино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Вардино

Поглед на селото

Вардино во рамките на Македонија
Вардино
Местоположба на Вардино во Македонија
Вардино на карта

Карта

Координати 41°14′08″N 21°14′33″E / 41.23556° СГШ; 21.24250° ИГД / 41.23556; 21.24250
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 198 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10007
Надм. вис. 796 м
Слава Св. Никола Летен[2]
Вардино на општинската карта

Атарот на Вардино во рамките на општината
Вардино на Ризницата

Потекло на името

уреди

Се претпоставува дека името на селото доаѓа од првиот доселеник Словен во ова место по име Вардин.[2]

Географија и местоположба

уреди

Ова село се наоѓа во Железник, во крајниот источен дел на територијата на Општина Демир Хисар, во долината на Црна Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено околу четири километри.[3]

Вардино е развиено рамничарско село, чие поле се протега по должината на Црна Река. Од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 25 километри. Се граничи со Бараково, Единаковци и Света на север, со селото Древеник (Општина Битола) на исток, со селото Суводол на југ и со селото Граиште на запад.[2]

Селото добило електрична енергија во 1958 година, водовод бил направен во 1988 година, а истата година бил завршен и асфалтниот пат до селото.[2]

Историја

уреди

Вардино се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 33 христијански семејства, 2 неженети и 2 вдовиди со вкупно 179 жители. Жителите плаќале 13.244 акчиња годишно данок. Според пописот од 1568 година селото се намалило на 121 жител.[2]

Во XIX век, Вардино било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат шумите со 385,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 234,8 хектари, а на пасиштата 227,7 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Населението се занимава со одгледување на тутун, пченка, пченица, градинарство, а исто така чуваат овци, крави и живина.[2]

Денес, во селото работи пржилницата „Пела“ за кафе, како и други зрнести растенија, која има 10 вработени. Воедно, има две продавници.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948802—    
1953692−13.7%
1961543−21.5%
1971492−9.4%
1981419−14.8%
ГодинаНас.±%
1991333−20.5%
1994327−1.8%
2002266−18.7%
2021198−25.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вардино живееле 200 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вардино имало 288 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вардино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8]

Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 543 жители, додека во 1994 година 327 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.[9]

Според неофицијални податоци, во 2015 година селото броело 250 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 170 Македонци, 1 останат и 27 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 288 802 692 543 492 419 333 327 266 198
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Вардино е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[15]

  • Староседелци: Грујовци со Рибаровци (10 к.); Матевци со Нечаковци (4 к.); Анчевци (1 к.), стари деленици со Грујовци и Рибаровци; Пупулковци (2 к.), стари деленици со Грујовци, Рибаровци и Анчевци; Здравевци (2 к.); Шоклевци (4 к.); Велковчевци (1 к.), најстар род во селото; Димовци (1 к.); Гајдоровци (2 к.); Тренчевци (4 к.); Сариовци (31 к.); Ѓуровци (3 к.); Мицевци (2 к.); Крчановци (8 к.) и Јанкуловци (4 к.).
  • Доселеници: Томевци (2 к.), доселени се од селото Перово во Преспа. Го знаат следното родословие: Ристе (жив на 80 г. во 1952 година) Крсте-Томе, кој се доселил во селото; Солевци и Насевци (9 к.), доселени се од некое село Битинци кај Корча во Албанија; Шундовци (4 к.), доселени се околу 1847 година од селото Перово во Преспа. Го знаат следното родословие: Митре (жив на 75 г. во 1952 година) Карафил-Иван, кој се доселил; Златановци (1 к.), доселени се од селото Вирово.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Вардино, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0621 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 187 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Манастирската црква „Св. Константин и Елена“ во Вардино
Археолошки наоѓалишта[19]
  • Плоча — некропола од доцноантичко време; и
  • Горна Црква — населба, црква и некропола од средниот век.
Цркви[20]
Манастири

Редовни настани

уреди
Слави[2]
  • Свети Никола Летен (2 јуни) — селска слава

Личности

уреди
Родени во Вардино

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

До 1952 година иселеници имало малку од селото и тоа само во Битола (1 семејство) и во Бугарија (1 семејство).[15]

Помасовно иселување на населението од ова село започнало по 1960 година. Иселеници има во градовите Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид и Велес, а исто така многу се имаат иселено и во битолското село Трновци. Има иселено и во европските и во прекуокеанските држави.[2]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 17–19. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 47. Посетено на 3 април 2020.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 јули 2016.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
  16. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 април 2020.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-09-10. Посетено на 3 април 2020.
  19. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. 22,0 22,1 22,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди