Пробиштип

град во Општина Пробиштип
Ова е објавената верзија, проверена на 17 октомври 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Пробиштипград во источниот дел на Република Македонија, административно средиште на истоимената општина.

Пробиштип
Поглед на Пробиштип
Поглед на Пробиштип
Знаме на ПробиштипГрб на Пробиштип
Пробиштип is located in Македонија
Пробиштип
Пробиштип
Местоположба во Македонија
Координати: 42°00′N 22°09′E / 42.000° СГШ; 22.150° ИГД / 42.000; 22.150
ЗемјаМакедонија Македонија
Општина Пробиштип
Регион Источен
Управа
 • ГрадоначалникДраган Анастасов
(СДСМ)
Површина
 • Вкупна329 км2 (127 ми2)
Надм. вис.&10000000000000570000000570 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно9,760
 • Густина0,030/км2 (0,077/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.2210
Повик. бр.(0)32
Рег. таб.PS
КлимаCfb
Мреж. местоprobistip.gov.mk

Познат е како рударски град, бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинкЗлетово“. Покрај рударството во градот постои и индустриски капацитет за производство на батерии и акумулатори.

Има површина од 329 км2 и е центар на Општина Пробиштип која содржи 37 населени места.

Градот има 10.816 жители, а општината 16.193 жители. Градот Пробиштип не постои како посебна статистичка целина, туку бројот на неговите жители е добиен со збир на три посебни статистички единици: селото Пробиштип, единицата Индустриска населба и приградската населба Калниште.

Историја

уреди

Средновековен период

уреди

Оваа населено место е едно од постарите села во Злетовската област, чиј постанок датира од почетокот на 14 век. Почетокот на неговото настанување директно е поврзан и со името на ова село. Имено, настанувањето и името на ова село најверојатно се заснова на името на родот Пробиштитови, кои на тоа место имале свој имот, а тоа е времето кога овие краеви биле во составот на средновековната Српска држава. Тоа поконкретно се потврдува и врз основа на еден документ од 1350 година, во кој се споменува, името на некој Иван Пробиштитовиќ, кој купил некој имот во Штип, а живеел на имотот на просторот на сегашното село Пробиштип. Најверојатно со спонтана јазична модификација, според името на Пробиштитовиќ, под влијанието на близината на градот Штип, место Пробиштитовиќ се употребува Пробиштиповиќ. Имотот на кој живеело семејството Пробиштитови, се зголемува и прераснува во мала селска населба, која своето име го добива според своите први жители, најпрво како Пробиштит, а подоцна Пробиштип. Ова толкување на потеклото на името на селото Пробиштип, практично е одговор и на прашањето за потеклото и постанокот на името на градот Пробиштип иако постојат и неколку народни легенди за потеклото на името Пробиштип, но сепак тоа се само легенди без научна основа за логична претпоставка.

Османлиски период

уреди

Средновековното село Пробиштип најверојатно во времето на Карпошовото востание (1689 година) било раселено, а подоцна во него се населило, не само македонско население туку и поголем број Турци. Со ова се наметнува и заклучокот дека во селото Пробиштип и немало староседелци, туку сите предци на жителите од ова село се доселеници во него, доселени во текот на XIX и XX век. На крајот на 19 век во селото Пробиштип живееле 233 жители, а седум децении подоцна, во 1971 година, 455 жители. Во времето на повеќевековното турско ропство, жителите на ова село биле чивчии на имотите на богатите турски бегови, но некои од чивчиите успеа- ле да ја откупат земјата што ја обработувале, уште пред заминувањето на Турците од Балканот.

Современа историја

уреди
 
Плоштадот во Пробиштип

Изградбата на новата рударско-индустриска населба започнала во 1937 година кога овде била изградена електрична централа, се почнало со флотација на оловно-цинковата руда и неколку станбени згради за рударите. Пробиштип, кој го носи епитетот, град на рударите, настанал по завршувањето на Втората светска војна и создавањето на современата слободна македонска држава во состав на тогашната федерална заедница Југославија. Градот се родил и растел паралелно со развојот и растежот на Рудниците за олово и цинк „Злетово“. Од почетниот период на оформување на малата населба, преку периодот помеѓу 1950 и 1955 година, кога се изградува и плански поставената, а за тоа време и модерно урбанизираната т.н. „рударска колонија“. Времето потоа, кога урбанизираната рударска населба полека но сигуно, прераснува во мал, но модерен и современ град, со целосно функционално поставена инфраструктура и значајна економска моќ и стопански развој. Пробиштип во својот максимален дострел, во времето на севкупната експанзија и големи успеси, му овозможи како град и општина да биде најбогат во Македонија, а главен носител на успешниот стопански развој, беа Рудниците „Злетово“ и фабриката за акумулатори „Злетово“. Средината на осумдесеттите години, за жал било периодот кога се појавиле првите почетоци на криза во работењето, раководењето и производните постигања во Рудниците „Злетово“, а неколку години потоа и во Фабриката за акумулатори. Сеопштата криза во општината Пробиштип кулминира во перидот на транзиција, времето на себеснаоѓањето и опстојувањето на Република Македонија како самостојна и независна држава, криза која му се заканува на Пробиштип и на неговото понатомошно опстојување како град и општина.

Клима

уреди
 
Црквата „Успение на Пресвета Богородица

Во поглед на климата областа се наоѓа во јужниот дел на северниот умерен појас, меѓу подрачја во кои се чувствуваат влијанија на средоземната клима (Кочанска Котлина и Овче Поле) и Осоговскиот масив каде владее изразито планинска клима. Ваквата географска положба условила нејзината клима да се одликува со елементи на умерено континентална, изменето-средоземна и планинска клима.

Со оглед на релјефот во оваа област можат да се издвојат два климатски реони: реон на умерена клима, со елементи на изменето средоземна клима и реон на планинска клима.

Првиот реон го опфаќа подрачјето на Злетовската област јужно од Злетово, односно Злетовското поле. Со долината на Злетовска река ова поле е отворено на средоземните влијанија.

Вториот климатски регион го опфаќа подрачјето што се шири на север од Злетово сè до највисоките врвови на областа. Како планинско подрачје се одликува со свежо лето, ладна пролет и есен, а студена и снежна зима.

Средната годишна температура на воздухот изнесува околу 13 °C, додека средната температура во зимските месеци се движи од 1 до 3 °C, а во летните месеци од 21 до 25 °C. Количеството на годишните врнежи изнесува околу 600-650 мм.

Воспитно образовни установи

уреди
  • Предучилишни установи:
Детска градинка „Гоце Делчев“ со единиците
„Цветови“ во Пробиштип
„Срничка“ во Пробиштип
„Изворче“ во Злетово
  • Основни училишта
 
Средното училиште „Наум Наумовски - Борче
ОУ „Никола Карев“
ОУ „Браќа Миладиновци“ со подрачните единици
„Ванчо Трајков“ во село Пробиштип
„Кирил и Методиј“ во село Злетово
  • Средни училишта
СУ „Наум Наумовски - Борче"

Локална самоуправа

уреди
 
Градскиот парк во Пробиштип

Селото Пробиштип, како поголема и поразвиена населба во однос на околните села уште во времето по завршувањето на Првата балканска војна, од ноември 1912 година, било седиште на една од четирите општини во овој крај, кои биле во состав на Кратовската околија (срез) и Кумановскиот округ (административно – територијална поделба која ја воспоставила новодојдената српска власт). Во Пробиштипската општина биле селата: Пробиштип, Гризилевци, Кундино, Горни Стубол, Долни Стубол, Плешенци и Дренак. Пробиштипската општина останува и во текот на бугарската окупациска власт во текот на Првата светска војна (1915 - 1918), а продолжува и во првите години по војната, за да од страна на власта на Кралството СХС во 1921 година биде укината, а била формирана Плешенската општина. Од 1931 година, со формирањето на новата поголема Општина Злетово (која ги обединува во една, претходните четири општини – Злетово, Лесново, Калниште и Плешенци) селото Пробиштип останува во составот на Злетовската општина, сè до времето на Втората светска војна (1941-1945 година).

Население

уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]

Градот Пробиштип не постои како посебна статистичка единица во спроведените пописи на Државниот завод за статистика на Македонија и неговите податоци за бројност на жители се доаѓа со збир на три посебни статистички целини. Во воспоставената практика, под градот Пробиштип се подразбираат:

  • село Пробиштип: 669 жители
  • Индустриска Населба: 8.045 жители
  • Калниште: 2.102 жители
Години Пробиштип Инд. населба Калниште Град Пробиштип
1948 492 559 458 1.509
1953 1.883 [заб 1] 514 2.397
1961 549 1.839 582 2.970
1971 3.110 1.009 688 4.807
1981 592 5.304 1.176 7.072
1991 676 8.050 1.443 10.169
1994 625 7.983 1.593 10.201
2002 669 8.045 2.102 10.816
2021 9.760 3 9.763
Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 10.816 жители и спаѓал во групата на средни градови.[3] Етнички гледано, населението е составено од:[1]

Етнички групи[1]
Македонци
  
98,36 %
Срби
  
0,77 %
други
  
0,36 %
Роми
  
0,32 %
Власи
  
0,14 %
Турци
  
0,04 %
Бошњаци
  
0,01 %

Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот има 10.816 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 10 639
Турци 4
Роми 35
Албанци 0
Власи 15
Срби 83
Бошњаци 1
Други 39
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[1]:

Јазици[1]
македонски
  
99,03 %
српски
  
0,49 %
други
  
0,20 %
ромски
  
0,17 %
влашки
  
0,07 %
турски
  
0,03 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 10.712 99,03
турски 3 0,03
ромски 18 0,17
влашки 8 0,07
српски 53 0,49
други 22 0,20
Вероисповед

Во Пробиштип се застапени следните религиски групи[1]:

Религија[1]
Православие
  
92,32 %
Ислам
  
0,43 %
други
  
0,15 %
Католицизам
  
0,06 %
Протестантство
  
0,04 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 10.742 99,32
Муслимани 47 0,43
Католици 7 0,06
Протестанти 4 0,04
други 16 0,15

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Пробиштип:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.509—    
19532.397+58.8%
19612.970+23.9%
19714.870+64.0%
19817.072+45.2%
ГодинаНас.±%
199110.169+43.8%
199410.201+0.3%
200210.816+6.0%
20219.760−9.8%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 1.509
1953 2.264 1 33 11 0 27 60 2.397
1961 2.799 0 20 51 100 2.970
1971 4.596 2 20 0 89 100 4.807
1981 6.843 0 12 1 5 126 85 7.072
1991 9.921 2 6 24 6 121 89 10.169
1994 10.022 0 5 14 11 91 58 10.201
2002 10.639 0 4 35 15 83 1 39 10.816
2021 9.189 3 2 99 10 48 1 62 346 9.760

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Занимливости

уреди

Во домот на култура „Злетовски рудар“ постои збирка на минерали од рудникот, како и стари предмети кои биле користени во дамнешното минато за работа во рудникот. Исто така поставена е и етнолошка збирка каде можат да се видат разни носии карактеристични за овој дел од Македонија и стари предмети користени во секојдневниот живот на луѓето од овој крај.

Лесновскиот манастир (XIV век), сместен во Лесновскиот кратер, во себе чува иконостас од XVIII век со непроценлива вредност и убавина.

Култура

уреди
Цркви[5]
друго

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 јули 2016.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  6. ОСВЕТУВАЊЕ НА НОВОИЗГРАДЕНИОТ ПАРАКЛИС, ПОСВЕТЕН НА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ", ВО ПРОБИШТИП. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-06-08.
  7. КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО НАСЕЛБА ПРОБИШТИП ВО ПРОБИШТИП. Архивирано од изворникот на 2016-10-21. Посетено на 2016-11-18.
  8. Во Пробиштип се одржа традиционалната манифестација „Зелникот на баба". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-06-08.
Забелешки
  1. Податоците за населеното место Индустриска Населба, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948 и 1953 година, се содржани во податоците за населеното место Пробиштип.

Надворешни врски

уреди