Штавица

село во Општина Прилеп

Штавица — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Штавица

Панорама на селото Штавица

Штавица во рамките на Македонија
Штавица
Местоположба на Штавица во Македонија
Штавица на карта

Карта

Координати 41°15′33″N 21°34′04″E / 41.25917° СГШ; 21.56778° ИГД / 41.25917; 21.56778
Регион  Пелагониски
Општина  Прилеп
Население 41 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20113
Надм. вис. 800 м
Слава Спасовден
Штавица на општинската карта

Атарот на Штавица во рамките на општината
Штавица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Глетка на Селечка Планина над селото
 
Глетка од селото Штавица

Селото Штавица се наоѓа на југоисточната страна на Прилепското Поле, во средишниот (до 2004 година краен јужен) дел на Општина Прилеп.[2] оддалечено 13 километри јужно од Прилеп. Штавица е сместено во дното на долот на допирот помеѓу Селечка Планина и отворот кон пространта рамнина на Прилепското Поле, односно Пелагонија. Веднаш крај селото минува патот од Прилеп кон Мариово преку превојот Слива.

Штавица е ридско село сместено на надморска височина од 800 метри,[2] помеѓу селата Чумово на север, Марул на југ и Мало Рувци на запад. Од градот Прилеп селото е оддалечено 18 километри.[2] Источно од Штавица се издига карпеста падина со оскудна паша. Нивите се во поголем дел прекриени со планински нанос и лежат западно од селото.

Водата за пиење се добива од една чешма и неколку кладенци. Штавица е село од разреден тип. Се разликуваат поедини групи на куќи, коишто се наречени по родовите, како – Вршковци, Дервишовци, Џаковци и други.[2] Имињата на потезите околу селскиот атар се: Веселец, Џавато, Бутиње, Слива, Буков дел (таму е зачувана букова шума), Турска Планина, Рамна Леска, Горен Врв, Клетовник, Каменица, Метиловка, Среден Рид, Ветрова Воденица, Мекоец, Нерезиње, Црвеница, Смреков Дол, Бојчејча, Заридски Гробишта, Латински Гробишта и Крсто.[2] Атарот на селото зафаќа површина од 17,4 км, од кои пасиштата заземаат 925 хектари, а обработливото земјиште 708 хектари.

Историја

уреди

Потегот „За ридски Гробишта“ лежи јужно од селото на оддалеченост околу 500 метри. На површината на земјата се гледаат надргобни камени плочи. Постои и еден крст. Кај овој крст до 1946 година, селаните „шетале со крстови на Духовден“. Жителите зборуваат дека „тоа се христијански гробја“ останати од некоја постара населба.[2] Таа пропаднала „кога тепала чума“.

Денешната Штавица е основана пред околу 170 години од страна на доселеници. Најнапред се населиле предците на денешните родови кои го слават Св. Мина. Тоа се: Дељовци, Јолевци, Толевци и др. Дошле „од кај Тиквеш“ како еден род, после нив се населиле предците на останатите селски родови. Околу 2 км јужно од Штавица е местото „Латински Гробишта“. Сега таму се наоѓаат ниви. Се зборува дека на тоа место, биле закопани „бабари кои се испотепале меѓусебно“.[2] Пред крајот на турското владеење во Штавица постоеле 4 чифлици.[2] Сопственици биле Салија, Мујазија, Рушит и Рамо. Тоа биле прилепски Турци. Тие го зафаќале половината од селскиот атар. Селаните работеле како момци на чифлиците. Некои имале и своја земја. Чифлиците пропаднале 1912 година. Населението ја купило земјата. Во ова село постои црква, Рождество на Пресвета Богородица изградена пред околу 90 години. Гробиштето е северно од Штавица. Бројот на домаќинства кај населението изнесува: 1921 г. - 47, 1948 г. – 64, 1961 г. - 63 и 1971 г. – 63. Селото во 1955 година имало вкупно 70 домаќинства.

Стопанство

уреди

Според составот на селскиот атар и занимањето на жителите Штавица има поледелско сточарска функција.[2] Малубројното останато население се занимава најмногу со сточарство односно одгледување на овци, а во помала мерка и на крупен добиток како крави и волови, и поледелство односно одгледување на тутун и жита како пченица и јачмен. Исто така некогашните жители кои сѐ уште имаат имоти и обработливо земјиште во селото, се занимаваат со одгледување на тутун.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948444—    
1953493+11.0%
1961494+0.2%
1971413−16.4%
1981264−36.1%
ГодинаНас.±%
1991127−51.9%
1994107−15.7%
200284−21.5%
202141−51.2%

Според пописот од 2002 година во селото Штавица живееле 84 жители, сите Македонци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Штавица е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 45 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]

Селото Штавица отсекогаш било населено исклучиво со Македонци, а во последните 50 години бележи постојан пад на бројот на своето население. Во 1961 година во Штавица живееле 494 жители, а во 1994 бројот спаднал на 107 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 41 жител, од кои 35 Македонци и 6 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 322 360 444 493 494 413 264 127 107 84 41
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Во Штавица живее македонско население, кое потекнува од доселеници.

Според истражувањата од 1955 година, родовите се:

  • Доселеници: Бутевци (7 к.), Дељовци (6 к.), Јовевци (6 к.), Толевци (3 к.), Пашовци (2 к.) и Јолевци (2 к.) порано чинеле еден род. Нивното потекло е од некое место во Тиквеш; Вршковци (14 к.) доселени се од селото Ерековци. Го знаат следното родословие: Јанкула (жив на 68 г. во 1955 година) Трајко-Куле-Тоше-Стеван, кој се доселил. Род нарече Вршковци постои и во селото Кален во Мариово. Многу веројатно Вршковци од Штавица имаат поддалечно потекло од селото Кален; Дервишовци (8 к.), Ѓаковци или Богдановци (8 к.) и Малинковци (3 к.) порано чинеле еден род, и доселени се однекаде; Мицовци (3 к.) не знаат од каде се доселени; Милевци (5 к.) шетале по многу села. Правото потекло не го знаат; Далиповци (1 к.) доселени се однекаде; Степаноски (1 к.) доселени се од некое околно село; Толе Мачор (1 к.) доселени се пред 1912 година од селото Крушевица во Мариово.[11]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од тогашната помала Општина Прилеп.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Старо Лагово, во која покрај селото Штавица, се наоѓале и селата Алинци, Беровци, Волково, Галичани, Мало Рувци, Ново Лагово, Прилепец, Старо Лагово и Чумово. Општината Старо Лагово постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1439 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 71 гласач.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Штавица
Цркви[14]
Археолошки наоѓалишта[15]


Култура и спорт

уреди
 
Влез во мал Холивуд (Штавица)

Мариовското село Штавица на сообраќаен знак пред селото е преименувано во Мал Холивуд. Штавица се наоѓа на патот од Прилеп за Мариово и е порта за огромната територија од Македонија со одвај 800 старци. Ретко посетуваните штавичани се гордеат дека биле домаќини на филмските глумци, продуценти и статисти во филмовите на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Поради тоа, некому му текнало, и селото го прекрстил во Мал Холивуд. Ставил и табла на скршнувањето од асфалтот кон макадамот. Штавица беше примамлива за филмаџиите. Режисерот Милчо Манчевски таму снимаше кадри за филмовите „Пред дождот“ и „Прашина“.

Иселеништво

уреди

Постари иселеници има во Мало Рувци (Чакмаковци), Ерековци (Вршковци), Марул (Стевановци). После Втората светска војна населението воглавно се иселувало во градот Прилеп.[11]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 232, 323, 416–417.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован Ф., 1914-1997. (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-267-8. OCLC 469501519.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 319. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди