Атишта

село во Општина Кичево

Атишта — мало село во областа Долно Кичево, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод.

Атишта

Поглед кон Атишта и селската црква

Атишта во рамките на Македонија
Атишта
Местоположба на Атишта во Македонија
Атишта на карта

Карта

Координати 41°27′11″N 21°2′21″E / 41.45306° СГШ; 21.03917° ИГД / 41.45306; 21.03917
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Долно Кичево
Население 15 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12002
Надм. вис. 650 м
Слава Голема Богородица
Атишта на општинската карта

Атарот на Атишта во рамките на општината
Атишта на Ризницата

Потекло на името

уреди

Не се знае потеклото на името на селото. Сепак, некои кажуваат дека најпрво на денешната местоположба на селото имало ајати, мали колиби, по кои селото го добило и своето име.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Ова мало село се наоѓа во областа Долно Кичево, во југоисточниот дел на територијата на Општина Кичево, во долината на реката Треска, под северозападните падини на планината Баба Сач.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Кичево е оддалечено 13 километри, а од регионалниот пат Кичево-Македонски Брод само 1,5 километри.[3]

Селото се наоѓа помеѓу планинската падина на југ и рамницата околу Треска на север. Споменатата положба е погодна од стопански причини. Околни села се: Лисичани, Вранештица, Челопеци и други.[4]

Месностите во низинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Под Брегови, Арбанасинец, Голема Нива, Плашејца, Јаз, Дуконо, Ада, Бука, Требеница, Дупниња, Клисура, Корито и Под Леска. Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Крилатица, Рантилец, Мал Камен, Иванков Дол, Петочна Вода, Летник, Голем Камен, Ливада, Извори, Влашки Оришта, Миркоица и Црквиште.[4]

Селото има збиен тип. Не постојат маала бидејќи е мало и едноставно. Сепак роднинските куќи се групирани и поблиску една до друга.[4]

Атишта се наоѓа лево од патот, кој води до селото Вранештица, а се исклучува од регионалниот пат Кичево-Македонски Брод. До него води асфалтен пат.

Историја

уреди

И Атишта спаѓа во стари населби во Кичевско. Под името Хатиште се споменува во втората половина на XV век, кога броело 12 словенско-христијански куќи.[4]

Со точност староста на населбата не е утврдена. Постојат поделени мислења што на крај се сведуваат на легенди за потеклото. Дистанцирајки се од легендите денес со сигурност може да се каже само дека во непосредна близина на селската црква кај месноста Арбанасинец постоела населба од доцноантичкото време. Материјални докази постојат, но ископувања не се вршени.[5] На селиштето постои извор, на кој е направена чешма.[4]

На денешното место, селото било преместено подоцна. Во минатото селото било дури и поголемо од соседното село Лисичани.[4]

За време на турското владеење, нивите во долината на Треска припаѓале на муслимански семејства од други села: на торбешки семејства од Лисичани и на арбанашки семејства од демирхисарското село С’лп. Од 1912 година нивите се вратиле во посед на мештаните.[4]

Во XIX век, Атишта било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот е многу мал и зафаќа простор од само 2,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 145,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 66,7 хектари, а на пасиштата само 13,9 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

На обработливото земјиште се одгледуваат најмногу житни култури (пченица, јачмен и пченка). Овоштарници на поголема површина има од слива и јаболко. Сточарството е застапено со одгледување овци, кози и свињи. Најголем дел од производите се за сопствена потреба. Основен издршкален приход на населението е пензија.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948101—    
1953100−1.0%
1961109+9.0%
197172−33.9%
198155−23.6%
ГодинаНас.±%
199131−43.6%
199441+32.3%
200231−24.4%
202115−51.6%

Според податоците од 1873 година, селото имало 11 домаќинства со 50 жители христијани (Македонци).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Атишта имало 80 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Атишта имало 120 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Атишта се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Атишта:[10]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
13 15 14 1 15 22 33 55

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[11]

Атишта е мало село, коешто во 1961 година броело 109 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 41 жител, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Атишта живееле 31 жител, сите Македонци.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 120 101 100 109 72 55 31 41 31 15
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

уреди

Атишта е македонско православно село.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Доселеници со познато потекло: Василевци (6 к.), доселени се од некое село во Прилепско во XIX век; Ѓуревци (1 к.), доселени се од некое село во околината на Скадар, доселени се исто така во XIX век; Стефановци (1 к.), потекнуваат од домазет кој бил доселен од селото Кладник; Трајковци (2 к.), доселени се од Прилепско и Трпевци (1 к.) доселени се од селото Лисичани во 1912 година.
  • Родови со непознато место на старина: Павлевци (4 к.); Мицковци (2 к.); Николовци (2 к.); Наумовци (2 к.); Стојановци (1 к.), ова се многу стари доселеници, па затоа местото на старина е заборавена.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2]

  • Староседелци: Стојановци (1 к.).
  • Доселеници: Радичовци (1 к.), ги викаат и Ѓуревци. Нивниот предок Радич, пред околу 270 години дошол од околината на Скадар во Албанија. Од околината на Скадар избегал поради убиство; Трајковци (1 к.), доселени се од Прилепско; Грујовци (1 к.), доселени се од некое околно кичевско село. Ги викаат и Мачкаровци; Стефановци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Кладник; Павлевци (4 к.), доселени се, но не се знае од каде; Трпевци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Лисичани; Далевци (1 к.), иселени, избегале во Неготин во Србија; Василевци (1 к.), доселени се од Прилепско и Топузовци (1 к.), доселени се од селото Цер во Железник.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Староец, во која покрај селото Атишта, се наоѓале и селата Бигор Доленци, Вранештица, Карбуница и Староец. Општината Староец постоела и во периодот 1950-1952, во која тогаш влегувале селата: Атишта, Вранештица, Карбуница и Староец.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0802 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Селската црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[20]
  • Арбасинец — населба и некропола од доцноантичко време
Цркви[21]

Редовни настани

уреди

Иселеништво

уреди

Од селото се имаат иселено три домаќинства во Вранештица, осум домаќинства во Миокази и три домаќинства во Кичево. Две домаќинства заминале во Србија.[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 14. Посетено на 4 ноември 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 112–113.
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 92-93.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  10. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 ноември 2020.
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 ноември 2020.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 4 ноември 2020.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди