Велестово

село во Општина Охрид

Велестово — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Сместено е во пазувите на планината Галичица.

Велестово

Поглед кон Велестово на Галичица

Велестово во рамките на Македонија
Велестово
Местоположба на Велестово во Македонија
Велестово на карта

Карта

Координати 41°5′0″N 20°49′40″E / 41.08333° СГШ; 20.82778° ИГД / 41.08333; 20.82778
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 889 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19007
Надм. вис. 1246 м
Слава Голема Богородица
Велестово на општинската карта

Атарот на Велестово во рамките на општината
Велестово на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото се поврзува со древниот пагански словенски бог Велес.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Сретселото на Велестово

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, југоисточно од градот Охрид, на оддалеченост од 7 километри и припаѓа на неговата рурбална зона.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.080 метри, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.[3]

Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 1.000 метри. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селски чешми, а денес има водовод.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Елен Врв, Стара Рача, Глогон, Селиште, Горни Студенец, Корита, Калишта, Вар, Долни Вар, Кабре, Сливана, Високи Врв, Красје, Баљјак, Синадоец и Црско.[4]

Селото има два дела, поделено на Горно или Старо Велестово на височина од околу 1.000 метри и Долно или Ново Велестово, во долината Рача. Ново Велестово е основано по Втората светска војна од доселеници од Старо Велестово. Порано, во месноста Рача се наоѓале селските лозја. Растојанието помеѓу двата дела изнесува 2 километри.[4]

Велестово се граничи со селото Коњско на југ, со Рамне на север, со ресенските села Петрино и Евла на исток и со градот Охрид и Охридското Езеро на запад.[5]

Денес, Рача (Ново Велестово) претставува охридска населба, целосно одвоена од селото.

Од Охрид, селото Велестово е поврзано со асфалтиран пат.

Историја

уреди

Велестово спаѓа во старите охридски села. Најверојатно потекнува уште од средниот век. Името на селото е словенско и истоимено село се наоѓа во Црна Гора.[4]

Во селото се наоѓаат многу старини. Во месноста Долна Рача, пониско од денешното село, се наоѓаат 2-3 извори и има предание дека таму се наоѓало старото село. Таму се наоѓаат само гробови. Преданието тврди дека селото се поместило повисоко поради Турците. Тоа е месноста Селиште, над денешното село. И на оваа месност, селото не останало многу, бидејќи „имало ламја, која ги јадела луѓето“. На оваа месноста постоела црквата „Св. Богородица“.[4]

Во XIX век, Велестово било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди
 
Селската чешма со спомен-плоча за НОБ

Селото има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 29,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.603,5 хектари, на шумите отпаѓаат 739,6 хектари, а на обработливото земјиште 425,4 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

До Втората светска војна, мештаните се занимавале главно со сточарство и најмногу се одгледувале кози и овци. Стоката била напасувана на планината Галичица, во месностите Џафа и Асан Џура. Исто така, многумина оделе и да работат за други во Охридско и Битолско. Меѓутоа, сточарството денес е целосно напуштено. Многумина работат во самиот град или заминале на привремена работа во странство.[4]

Оние жители кои остануваат во селото преку целата година во најголем број се пензионери, а неколку жители се занимаваат и со овчарство.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948823—    
1953943+14.6%
19611.020+8.2%
19711.123+10.1%
19811.237+10.2%
ГодинаНас.±%
19911.209−2.3%
19941.103−8.8%
200253−95.2%
2021889+1577.4%
Забелешка: Податоците за населеното место Рача, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и од 2021 година, се содржани во податоците за населеното место Велестово.

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 80 домаќинства и 245 жители.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велестово живееле 560 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велестово имало 560 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велесто е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[10]

Селото е големо и во 1961 година броело 1.020 жители, а во 1994 година 1.103 жители, македонско население.[3][11]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Велестово живееле 53 жители, сите Македонци.[12]

Изминативе дваесетина години поголем дел од сопствениците ги продавале своите ниви на луѓе кои ги привлекла убавината на селото. Новите куќи се користат повремено најчесто во летниот период. Мал број жители од 7-8 домаќинства постојано живеат во селото.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 889 жители, од кои 855 Македонци, 1 Албанец, 2 Власи, 2 останати и 29 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 560 823 943 1.020 1.123 1.237 1.209 1.103 53 889
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови

уреди

Велестово е многу старо македонско православно село, сите родови во селото се староседелски.[4]

Родови во селото се: Пазарковци, Климовци, Шаровци или Гаврановци, Анѓеловци, Шаптевци, Пупунцовци, Тупановци, Шиниковци, Богдановци, Џајковци, Маљуковци, Башевци, Јолевци, Мулазимовци, Балевци, Трифуновци, Цоцевци, Белевци, Милевци, Таневци, Думевци, Мишевци и Упарчевци.

Општествени установи

уреди
 
Објект на Црвениот крст во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Велестово, се наоѓале и селата Велгошти, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Шипокно, во која влегувале селата Велестово, Коњско и Шипокно.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1296 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 145 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
Манастири
Параклиси
  • Параклис „Св. Петка“
Спомен-плочи

Редовни настани

уреди
Слави[4]
Други
  • Ѓомлезијада — еден вид натпревар за најдоброто ѓомлезе

Личности

уреди
Родени во Велестово

Култура и спорт

уреди

Секоја година тука се одржува поетски уметнички собир под отворено небо. Поетската ноќ во Велестово има и изложба на скулптури. До сега се одржани преку 20 средби.

Иселеништво

уреди

Постари иселеници од Велестово има во градот Охрид, како Масниовци, Талевци и Богдановци, како и во пониските охридски села: Велгошти (Белевци, 5 к.), Горно Лакочереј (Ангеловци, 3 к. и Јосмовци, 70 к.), Вапила (Климовци, 25 к.), Подмоље (Велестовци, 6 к.) и Горенци (Охридско) (Бургаз).[4]

По Втората светска војна, од селото се иселил голем број од населението.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Велес“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 256. Text "series " ignored (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 50. Посетено на 29 декември 2019.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  5. „Велестово | Рурален развој Охрид“. web.archive.org. 2019-12-09. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2020-01-01.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. Податоците за населеното место Рача, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Велестово.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди