Цветишница
Цветишница (или Цветишинци) — село во Општина Старо Нагоричане, североисточна Македонија.
Цветишница | |
Координати 42°18′03″N 22°00′55″E / 42.30083° СГШ; 22.01528° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17104 |
Надм. вис. | 1000 м |
Цветишница на општинската карта Атарот на Цветишница во рамките на општината | |
Цветишница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во областа Козјачија и е од разбиен тип, така што надморската висина се движи од 900 до 1.000 м. Атарот зафаќа површина од 4,3 км2[2] Североисточниот дел на атарот се граничи со Србија (Општина Трговиште).
Историја
уредиНа крајот од XIX век Цветишница било мало македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Цветишинци имало 140 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Цветишници имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[5]
За време на Првата светска војна Цветишница била во состав на Општина Рамно и броела 69 жители.[6]
Стопанство
уредиСпоред податок од 1998 г. Цветишница има 196 ха обработливо земјиште, 170 ха шуми и 48 ха пасишта.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во селото Цветишница имало 21 жител, од кои 20 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 80 | 107 | 128 | 141 | 93 | 43 | 19 | 30 | 21 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЦветишница е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
- Доселеници: Марковци (2 к.), Ѓоринци (5 к.), Клинчаровци (4 к.) и Костинци (1 к.) сите се доселени од селото Црвени Град во Горна Пчиња во денешна Србија ; Баба-Китинци (3 к.) доселени се од некое село во околината на Врање во Србија; Дошлаци (3 к.) доселени се од Гулинци кај Крива Паланка.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 310. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 32“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-09.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград.