Скудриње

село во Општина Маврово и Ростуше

Скудриње — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Скудриње

Поглед кон Скудриње од селото Галичник

Скудриње во рамките на Македонија
Скудриње
Местоположба на Скудриње во Македонија
Скудриње на карта

Карта

Координати 41°33′56″N 20°36′33″E / 41.56556° СГШ; 20.60917° ИГД / 41.56556; 20.60917
Регион Долна Река
Општина  Маврово и Ростуше
Население 1.055 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1257
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07073
Надм. вис. 940 м
Мреж. место Скудриње
Скудриње на општинската карта

Атарот на Скудриње во рамките на општината
Скудриње на Ризницата

Потекло на името

уреди

За настанокот на името од село Скудриње има една легенда. Еднаш една баба и нејзината внука береле дрење и кога бабата седнала да се одмори ја викнала на својата внука да седне во скут да јаде дрење и од зборовите скут и дрење логички доаѓа „Скудриње”.

Географија и местоположба

уреди

Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на источната падина на планината Дешат. Сместено е на десниот брег на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри.[2]

Се наоѓа во националниот парк Маврово. Новата населба се гради по течението на реката Радика, бидејќи населението има забрана за градење на куќи кај што се наоѓа селото за да не се случи уривање на земјата.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Скудриње“, кое редовно се активира при дождовните сезони.[3]

Селото е сместено на падините на Дешат, на десната страна од реката Радика. Се наоѓа на средно висока тераса, а над него се наоѓа шума. Селото поседува бројни чешми.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Рудина, Ливаѓе, Ванагорица, Градиште, Рунгаќ, Црна Краста, Бокшарен (Бошкова Равен), Свинци, Камен Зоб, Хаџијева Лока, Пазаришче Кала, Речиште, Голган, Столец, Виниградишта, Пороишта, Оџорен (Оџава Равен), Дугица, Плеќенија, Оградник, Гврлица, Бигов Камен, Бигорец, Мала Њива, Мел и Раскрсница.[4]

Селото има збиен тип и се дели на краеви. Како посебни маала се: Реџеповци, Асовци, Фариќовци, Амовци и Чераповци.[4]

Скудриње е оддалечено 13 километри североисточно од градот Дебар, а од општинското средиште Ростуше е оддалечено 9 километри.

Селото не е на регионалниот пат и од него е оддалечено 3,5 километри, но има асфалтен пат до него. Воедно има и автобуската станица блиску до селото. Покрај автобуски превоз се користат комбиња и автомобили како такси возило.

Историја

уреди

Старини околу селото докажуваат дека било населено одамна. Тоа се Кала кон Присојница, наречена и Дамчулица. На повисоко место се наоѓа и Кале, кај месноста Пазаришче, додека на Крчин има Градиште.[4]

Во селото постојат спомени за постоење на чума, кога луѓето избегале во шумата.[4]

Селото првпат во пишаните документи се споменува во пописот извршен од Османлиското Царство во 1466/67 година, под името Искудрина со 11 христијански семејства.

Од времето кога во него живееле христијански семејства, може да се најде срушена црква под самото село.[4]

Во XIX век, Скудриње било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Селото поседува атар, кој зафаќа простор од 9,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 617 хектари, пасиштата заземаат 103 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 78 хектари.[2]

Во Скудриње има 10 трговски објекти и има 7 угостителски објекти.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948772—    
1953827+7.1%
19611.027+24.2%
19711.236+20.4%
19811.616+30.7%
ГодинаНас.±%
19912.102+30.1%
19942.126+1.1%
20022.119−0.3%
20211.055−50.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Скудриње живееле 940 жители, сите Македонци муслимани.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Скудриње се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 157 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8]

Селото е големо, коешто во 1961 година броело 1.027 жители, од кои 1.012 се изјасниле како Турци, а 11 жители како Македонци. Во 1994 година бројот двојно се зголемил на 2.126 жители, од кои 1.739 Турци, 138 Македонци, 6 Албанци и 243 се изјасниле како останати, но секако се Македонци со исламска вероисповед.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Скудриње живееле 2.119 жители, од кои:[9]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото претставува најголемото село по број на жители во Долна Река. Целото население е со исламска вероисповед, но етнички во селото отсекогаш, па и денес живеат исклучиво Македонци, кои поради политичко-општествени причини дел се изјасниле за припадници како Турци. Сепак во најголем дел (78,9  %) се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.055 жители, од кои 106 Македонци, 10 Албанци, 763 Турци, 1 Бошњак, 73 останати и 102 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Скудриње:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 772
1953 99 11 697 0 20 827
1961 11 0 1.012 1 3 1.027
1971 53 3 1.171 2 7 1.236
1981 17 1 415 3 1.180 1.616
1991 76 0 843 0 1.183 2.102
1994 138 6 1.739 0 243 2.126
2002 468 5 1.629 0 0 17 2.119
2021 106 10 763 0 1 73 102 1.055

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи

уреди

Училиштето е изградено на почетокот на 1960-тите години од минатиот век и работело како подрачно училиште сè до 1996 година кога заради зголемениот број на уцениците од подрачно училиште прераснало во самостојно основно училиште со две подрачни училишта во селата Присојница и Аџиевци. Број на вработени во училиштето има 25 лица и тие доаѓаат од Ростуше, Гостивар и Требиште, додека бројот на ученици е 247, а бројот на паралелки е 18. Од соседните села не доаѓат ученици. Училиштето располага со библиотека, но не поседува училишна кујна.

  • Пошта (1257)
  • Амбуланта (со постојан лекар и медицинска сестра)
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Косоврасти, во која покрај Скудриње се наоѓале и Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Могорче, Осој и Скудриње. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од Општина Присојница, во која влегувале селата Аџиевци, Јанче, Присојница и Скудриње.

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 0465 и 0465/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[13][14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Џамии[15]
  • Џамија — главна селска џамија, обновена во 1986/87 година
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 246. Посетено на 2 мај 2020.
  3. Група автори (2016). „Свлечишта“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 78. ISBN 978-9989-110-90-0.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.263.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. 9,0 9,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Се затвора училиштето во с. Видуше, сѐ помалку првачиња во општина Маврово и Ростуше“. fakulteti.mk. Посетено на 2020-04-11.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 24 мај 2020.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 24 мај 2020.[мртва врска]
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 24 мај 2020.[мртва врска]
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.