Држани

село во Општина Радовиш
(Пренасочено од Држанци)

Држани (понекогаш Држанци) — село во Општина Радовиш. Денес селото е целосно раселено.[2]

Држани
Држани во рамките на Македонија
Држани
Местоположба на Држани во Македонија
Држани на карта

Карта

Координати 41°40′29″N 22°30′48″E / 41.67472° СГШ; 22.51333° ИГД / 41.67472; 22.51333
Регион Југоисточен
Општина Радовиш
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22014
Надм. вис. 700 м
Држани на општинската карта

Атарот на Држани во рамките на општината
Држани на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа североисточно од Радовиш. Сместено е на јужната падина на планината Плачковица, на надморска височина од 700 м.[3]

Историја

уреди

Во XIX век Држани било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дражејца (Дражанци) имала 100 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Држанци живееле 194 Турци.[5]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948248—    
1953284+14.5%
196121−92.6%
197111−47.6%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[6]

Населението на селото драстично опаднало во 1950-тите години поради иселувањето на Турците. Така, од 284 жители во 1953 г. се свело на само 21 жител на пописот од 1961 г.[7] Во текот на следната деценија бројот на жители се располовил, за селото да биде наполно испразнето во текот на 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Држани немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 248 284 21 11 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 115. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Држани — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди