Турски јазикјазик што го зборуваат околу 63 милиони луѓе во светот и доста зборуван јазик во туркиските држави. Најмногу е зборуван во родните Турција и Кипар но и во останатите балкански држави. Исто така турскиот јазик е зборуван од неколку милиони Турци низ европските држави, особено во Германија.

Турски јазик
Türkçe
Изговор[tyrktʃe']
Застапен воТурција, Кипар, Северен Кипар, Македонија, Косово и во многу останати земји
ПодрачјеАзија, Европа
Говорниципреку 50 милиони луѓе  
Јазично семејство
ПисмоТурска азбука
Статус
Службен во Турција
 Кипар
 Северен Кипар
Регулативен органТурска јазична асоцијација
Јазични кодови
ISO 639-1tr
ISO 639-2tur
ISO 639-3tur

Првите записи на турскиот јазик датираат од Средна Азија од пред 1.200 години. Претходник на турскиот јазик бил отоманскиот турски јазик и бил пишуван со отоманска азбука (арапска азбука). Со реформите на Кемал Ататурк, денес турскиот јазик се пишува со латиница. Турската јазична асоцијација денес се стреми да ги отстрани странските зборови од турскиот јазик и да ги воведе старите турски зборови. Реченичкиот состав на турскиот е субјект-објект-глагол и нема род на именки.

Историја

уреди
 
Книга на гатањето, 10 век

Најстарите познати старотуркиски натписи се трите монументални Орхонски натписи пронајдени во денешна Монголија. Подигнати во чест на Кул Тигин и неговиот брат, императорот Билге Хан, датираат од времето на Вториот Турски Ханат (682–744 год.).[1] По откривањето и ископувањето на овие споменици и придружните камени плочи од страна на руските археолози во пошироката област на Орхонската долина помеѓу 1889 и 1893, било утврдено дека јазикот на натписите е старотуркискиот јазик пишуван со старотуркиско писмо, кое уште се нарекува „туркиски руни“ или „руниформно писмо“ поради неговата површна сличност со германските рунски азбуки.[2]

Со миграцијата на Турките во раниот Среден век (ок. 6–11 век), луѓето кои зборувале туркиски јазици се прошириле низ Средна Азија, покривајќи огромен географски регион од Сибир до Европа и Медитеранот. Селџуците, кои биле огранок на Огузите, го донеле својот јазик, Огускиот—директниот предок на денешниот турски јазик—во Анадолија во текот на 11 век.[3]

Османлиски турски

уреди
 
Книгата на Деде Коркут, 15 век

Со прифаќањето на исламот околу 950 год. во Караханидскиот Канат и од страна на Турците-Селџуци, кои се сметаат се етнички и културни предци на Османлиите, административниот јазик на овие земји се стекнал со голем број на заемки од арапскиот и персискиот јазик. Турската книжевност за време на Османлискиот период, особено диванската поезија, била под големо влијание на персискиот јазик. Книжевниот и официјалниот јазик за време на Османлиската империја (ок. 1299–1922) се нарекува Османлиски турски јазик, кој претставува мешавина на турски, персиски и арапски, што значително се разликувал од секојдневниот турски. Секојдневниот говор, познат како kaba Türkçe или „вулгарен турски“, го зборувале помалку образуваните и пониските слоеви, и содржел поголем процент на нативен вокабулар и послужил за основа на современиот турски јазик.[4]

Кога го посетил регионот помеѓу Адијаман и Адана, Евлија Челебија го запишал локалниот јазик како „туркмански јазик“ и направил споредба со неговиот турски јазик:

Споредба на јужноанадолскиот туркмански јазик од 17 век, јазикот на елитата од 17 век, и современиот турски јазик[5]
Туркмански јазик Османлиски турски Современ турски Македонски Туркмански јазик Османлиски турски Современ турски Македонски
yalvaç peygamber peygamber пророк fakı imâm imam имам
yüce Çalap Âli Allah yüce Allah семоќниот Алах eyne câmi' cami џамија
mezgit mescid mescit џамија gümeç, lavâşa, pişi ekmek ekmek, lavaş, pişi леб
kekremsi şarâb şarap вино Kancarıdaydın? Nerede idin? Neredeydin? Каде беше?
Kancarı yılıgan be? Nereye gidersin bire? Nereye gidersin bre? Каде одиш? Muhıdı geyen mi? Ferâce giyermisin? Ferace giyer misin? Will you wear ferace?
Bargım yavıncıdı. Karnım ağrıdı. Karnım ağrıdı. Ме боли стомакот. şarıkdı şehirli oldu Şehirli oldu. Станаа градски.

Јазичната реформа и современиот турски јазик

уреди

По основањето на современата турска држава и правописната реформа, во 1932 било основано Друштвото за турски јазик (TDK) под покровителство на Мустафа Кемал Ататурк, со цел истражување на турскиот јазик. Една од задачите на друштвото била да иницира јазична реформа со цел да се заменат заемките од арапски и персиски со турски еквиваленти.[б 1] Иако повеќето од зборовите воведени од TDK биле нови зборови со турски корен, тие исто така оживеале и старотурски зборови кои не се употребувале со векови.[7] Во 1935, TDK објавил двојазичен Османлиско-турски/Чисто турски речник кој ги документира резултатите од јазичната реформа.[8]

Поради оваа ненадејна промена во јазикот, постарите и помладите луѓе во Турција започнале да се разликуваат во својот говор. Додека генерациите родени пред 1940-те ги користеле постарите термини од арапско и персиско потекло, помладите генерации ги користеле новите изрази. Се смета дека е особено иронично што и самиот Ататурк, во неговиот долг говор пред новиот Парламент во 1927, го користел формалниот стил на Османлиско-турски, кој во тоа време бил вообичаен помеѓу државниците и образованите слоеви на општеството при одржувањето на говори и во документите. По јазичната реформа, турскиот образовен систем го прекинал предавањето на литературната форма на османлиско турски и способноста за зборување и пишување атрофирала до таа точка, што во подоцнежните години, говорот бил „преведуван“ три пати на современ турски: првпат во 1963, потоа во 1986, и последно во 1995.[б 2]

Во изминатите неколку децении TDK континуирано создава нови зборови за изразување на нови концепти и технологии кои навлегуваат во јазикот, претежно од англиски. Многу од овие нови зборови, особено термините за информатичка технологија, се нашироко прифатени. Сепак, TDK повремено е критикуван за измислување зборови кои звучат вештачко. Некои претходни промени—на пр. bölem да го замени fırka, "политичка партија"—не наиде на прифатеност (па така fırka била заменета со француската заемка parti). Некои зборови од старотурски добиле ново значење; на пр. betik (со првобитно значење "книга") сега се користи за "скрипта" во компјутерските науки.[10]

Некои од современите турски зборови и заемките во старотурски се:

Османлиско турски Современ турски Македонски Коментар
مثلث (müselles) üçgen триаголник Сложенка од именката üç ("три") и суфиксот -gen
طیاره (tayyare) uçak авион Добиен од глаголот uçmak ("лета"). Најпрво било предложено значењето да му биде "аеродром".
نسبت (nispet) oran сооднос Стариот збор се користи напоредно со новиот. Новиот збор доаѓа од старотурскиот глагол or- ("сечи").
شمال (şimal) kuzey север Добиен од старотурската именка kuz ("ладно и темно место", "сенка").
تشرینِ اول (teşrinievvel) ekim октомври Именката ekim има значење "сеење", што се однесува на сеењето семе на есен

Фонологија

уреди

Самогласки

уреди
турски самогласки
Предни Задни
Незаоблени Заоблени Незаоблени Заоблени
Високи i ü ı u
Ниски e ö a o

 

Турски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Bütün insanlar hür, haysiyet ve haklar bakımından eşit doğarlar. Akıl ve vicdana sahiptirler ve birbirlerine karşı kardeşlik zihniyeti ile hareket etmelidirler.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Согласки

уреди
билабијални лабиодентални дентални алвеоларни посталвеоларни непчани веларни глотални
експлозивни p b c ɟ k ɡ
носни m n
фрикативни f v s z ʃ ʒ ɣ h
африкативни
вевни ɾ
апреоксимантни j
латерални ɫ l

Именки

уреди
Падеж Наставка Пример Значење
köy "село" ağaç "дрво"
Номинатив Ø (нема) köy ağaç село (то) /дрво
генитив -in4 köyün ağacın на селото/дрвото
од селото/ дрвото
Датив -e² köye ağaca на селото/дрвото
Акузатив -i4 köyü ağacı селото.дрвото
Аблатив -den² köyden ağaçtan од селото/ дрвото
Локатив -de² köyde ağaçta во селото/ дрвото

Наводи

уреди
  1. Erdal, Marcel (March 2004). A Grammar Of Old Turkic.
  2. „A Database of Turkic Runiform Inscriptions“. Архивирано од изворникот 2017-03-26. Посетено на 2017-03-26.
  3. Findley, Carter V. (October 2004). The Turks in World History. Oxford University Press. ISBN 0-19-517726-6.
  4. Glenny, Misha (2001). The Balkans: Nationalism, War, and the Great Powers, 1804-1999 (англиски). New York: Penguin. стр. 99.
  5. Evliyâ Çelebi Seyahatnâmesi: III. стр. 174–175. Посетено на 17 October 2022.
  6. 6,0 6,1 Lewis, Geoffrey (2002). The Turkish Language Reform: A Catastrophic Success. Oxford University Press. ISBN 0-19-925669-1.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име TDK History.
  8. Szurek, Emmanuel (2015-02-17). Aymes, Marc (уред.). Order and Compromise: Government Practices in Turkey from the Late Ottoman Empire to the Early 21st Century (англиски). Brill Publishers. стр. 94. ISBN 978-90-04-28985-7. Архивирано од изворникот 2023-01-15. Посетено на 2021-08-03.
  9. Bedi Yazıcı. „Nutuk: Özgün metin ve çeviri (Atatürk's Speech: original text and translation)“ (турски). Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-28.
  10. „Öz Türkçeleştirme Çalışmaları“. Çok Bilgi. Архивирано од изворникот на 14 July 2019. Посетено на 29 May 2014.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.