Маргари
Маргари — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Маргари | |
Поглед на Маргари | |
Координати 41°32′10″N 21°21′52″E / 41.53611° СГШ; 21.36444° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7505 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20065 |
Надм. вис. | 760 м |
Маргари на општинската карта Атарот на Маргари во рамките на општината | |
Маргари на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Маргари се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле и Општината Долнени во близина на границата кон Општина Македонски Брод. Сместено на плавно (влажно) место во подножјето на гребенот Мовнатец.[2] Поточно, Маргари се наоѓа северозападно од градот Прилеп, на југоисточните падини на планината Даутица. Селото е ридско на надморска височина од 760 метри.[3] Од градот Прилеп селото е оддалечено 33 километри. Во непосредна близина на Маргари е поголемото и попознато село Долгаец. Водата за пиење порано се црпела од реката, а сега од бунари.[4] Извори нема. На сретселото пред селската црква има новоизградена чешма. Маргари е село од збиен тип. Атарот е мал и зафаќа простор од 4,1 км2 на кој преовладуваат шумите на површина од 246 хектари, а обработливото земјиште зафаќа 150 хектари.[3] Потезите на планината се нарекуваат: Краста, Мовнатец, Сама Бука, Извор, Папрадиште, Куси Рид, Гоедски Пазар. Потезите под селото во полето се Плоча, Ќерамидница и Ѓуроа Глава.[4]
Историја
уредиВо пишаните извори во 1355 година се споменува Маргарит како селиште кое царот Душан го потврдил како сопственост на манастирот Трескавец близу Прилеп.[4] Од Маргарит родум бил дијак Добре кој оставил белешка дека пишувал во времето на Крали Марко. Овие споменувања се однесуваат на прилепското селото Маргари. Меѓу народот постои предание во кое се вели дека денешното Маргари пред околу 230 години го основале три доселени Мијаци од кои потекнуваат сите денешни родови. Мијаците дошле како сточари. Како показател за мијачкото потекло на ова село од околните жители често се наведува изгледот на градбата на куќите кои само во ова село и Долгаец се целосно од камен, за разлика од околните соседни села како Рилево и други кои користат и непечена тула (ќерпич или плитар) во градбата. Иако, се забележливи и некои физички црти како русокосост, сепак ниту во говорот, обичаите, ниту во самосвеста жителите на Маргари и Долгаец не се сметаат за Мијаци, како што е тоа случај во блиските села Папрадиште и Ореше во долината на Бабуна. Обработливото земјиште на ова село зафаќа незначителна површина заради што во турско време тука немало чифлизи.[4] До Првата светска војна жителите работеле како печалбари претежно во Србија, каде што бичеле штици и биле градежни работници. Од тогаш печалбарството престанало бидејќи селаните успеале да купат добри ниви во атарите на соседните села Црнилиште, Сливје и Костинци.
Во Маргари се наоѓа црквата посветена на св. Богородица која е изградена во 1883 година. Над селото има „стара расипана црква“. Тоа е знак кој потврдува дека овде имало населба уште пред денешното Зрзе. Селска слава е третиот ден Велигден. Под Маргари има 5 хектари земја кои припаѓаат на манастирот во соседното Зрзе. Селото има две гробишта – едно крај црквата Св. Богородица, а друго кај споменатото црквиште. Бројот на домаќинства во текот на XX век изнесувал: 35 во 1921 г., 50 во 1948 г., 62 во 1961 г., 45 во 1971 г. Во 1954 година во Маргари имало вкупно 56 домаќинства.[4]
Стопанство
уредиПреостанатото население во Маргари се занимава со земјоделство, кое пред сѐ ги задоволува домашните потреби. Најмногу се одгледува тутун, жито - пченица и пченка, компир, кромид. Од сточарството застапено одгледувањето овци, крави и кози во помал размер од кои се добива млеко и прави сирење. Исто така во мали размери е застапено и овоштарството односно одгледувањето сливи, јаболка, круши и ореви. На падината на Даутица во околината на селото во изобилство има многу густа дабова шума од која се сече дрво за огрев и градежништво. До Првата светска војна жителите работеле како печалбари претежно во Србија, каде што бичеле штици и биле градежни работници. Од тогаш печалбарството престанало бидејќи селаните успеале да купат добри ниви во атарите на соседните села Црнилиште, Сливје и Костинци.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маргари било село со 15 домаќинства и 65 жители Македонци.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Маргари имало 230 жители Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 200 жители Македонци.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Маргари се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[8]
За време на Првата светска војна, Маргари било вклучено во општина Костинци и имало 257 жители.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 27 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 200 | 361 | 398 | 367 | 200 | 82 | 33 | 35 | 27 | 7 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
уредиОд тројцата доселени Мијаци, кои биле основачи на селото, потекнуваат следните македонски родови: Балтовци, Ситниковци и Миовци. Ситниковци слават Голема Богородица, а останатите Спасовден. Како што е споменато, Мијаците дошле пред околу 230 години. Во родот Балтовци се знае следното родословие: Спирко 50 години во 1954 – Коне-Петре-Стеван-Соколе, чиј татко се доселил во Маргари.[4]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1479 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[18]
- Стара Расипана Црква — црква и некропола од непознат период.
- Цркви[19]
Иселеништво
уредиСе знае за овие иселеници од Маргари: Дрндаревци и Размовци отишле во Црнилиште. Прчевци живеат во Секирци. Пишакаровци живеат во Небрегово[4]. Во педесеттите години на XX век голем број жители на Маргари се иселиле во Прилеп и во населбите Лисиче, Пинтија и Припор во Скопје.
Личности
уреди- Починале во Маргари
- Добре Дијак (XIV век) — македонски духовник и писател.
Галерија
уреди-
Куќи во селото
-
Традиционална куќа во селото
-
Ѕидови на традиционални куќи
-
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 378–379.
- ↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија. стр. 191.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 377.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917“.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 април 2020.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 1 април 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.