Крапа
Крапа — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Крапа | |
Поглед на селото Крапа | |
Координати 41°33′7″N 21°18′35″E / 41.55194° СГШ; 21.30972° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 38 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6530 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03026 |
Надм. вис. | 1.020 м |
Крапа на општинската карта Атарот на Крапа во рамките на општината | |
Крапа на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се издига до сртот на планината Даутица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.[2]
Селото има мошне голем атар, кој зафаќа простор од 44,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 2.864 хектари, на шумите отпаѓаат 1.744 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.[2]
До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до градот Прилеп, во непосредна близина на историското село Барбарас.
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 44 семејства, 3 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[3]
Во XIX век, Крапа било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓа на Поречието.
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиСелото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крапа имало 600 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крапа имало 560 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]
Од Крапа се иселил значителен дел од населението, па затоа во него бројот на население се намалил од 612 жители во 1961 година, на само 93 жители во 1994 година, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Крапа имало 69 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 32 Македонци и 6 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600 | 560 | 704 | 764 | 612 | 390 | 183 | 113 | 93 | 69 | 38 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиКрапа е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Староседелски родови во селото се: Степановци (11 к.) и Мазневци (26 к.).
Доселенички родови се: Богојевци (4 к.) се од Крапска Бара во Прилепско Поле; Дурдевци (14 к.) доселени се од Костур или Костурско во Егејска Македонија; Којовци (12 к.) доселени се од Крушево или Крушевско; Шарковци (7 к.), Јановци (4 к.) и Мојсовци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од селото Браилово, Прилепско; Сидоровци (4 к.) доселени се од Саждево, Прилепско; Ѓинкаровци (4 к.) доселени се исто така од Саждево; Стојановци (2 к.) доселени се од селото Пашино Рувци; Димановци (6 к.) доселени се од Локвица; Трпевци (2 к.) доселени се од раселеното село Барбарос; Крстевци (1 к.) доселени се, али не сакале да кажат од каде.[15]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дебреште, во која влегувале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дебреште, во која покрај селото Крапа се наоѓале селата Барино, Дебреште, Жабјани, Јакреново, Кошино, Лажани, Ропотово и Саждево.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Дебреште.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0230 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[19]
- Во Селото — некропола од римско време
- Цркви[20]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица” — манастирска црква; и
- Црква „Св. Недела” — помала црква крај патот до селото.
- Манастири
- Крапски манастир — понов манастир
- Реки[21]
- Крапска Река — понорница во близина на селото.
- Пештери
Личности
уреди- Родени во Крапа
- Тренко Рујанов — член на македонската револуционерна организација, а подоцна водач на српска чета.
- Тасе Конев — србомански војвода
- Данил Стојанов — србомански војвода
- Ацо Багалоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Анѓеле Змејкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Билбил Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Божин Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Борис Смилески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Волкан Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Гордан Димитроски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Дано Костадиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Данчо Стојаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Дамјан Пројчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Змејко Митески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Петре Смилески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Митре Багалески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Петре Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Стојан Миткоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Стојан Дурдески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Лозан Созданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Трајан Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Трајан Филипоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Темелко Стојкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Трајко Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Тренко Миткоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Цветан Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
- Ванче Богески (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
- Ѓоргија Илиоски (1924 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
- Микајле Сазданоски (1920 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
- Никола Димески (1906 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
- Славе Степаноски (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
- Ѓуро Трајкоски (1900 - 1943) — загинат во НОБ.[23]
- Тасе Петрески (1900 - 1943) — загинат во НОБ.[23]
- Војче Китаноски - (1955 - 2023) — македонски хуморист
- Починати во Крапа
- Георги Ацев — македонски ревиолуционер
Галерија
уреди-
Дел од Крапа
-
Поглед на дел од селото
-
Сретселото во Крапа
-
Градба во Крапа
-
Стари куќи во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 162-163. Посетено на 19 октомври 2017.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.244
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 октомври 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935) (на српски јазик). Порече. Српски етнографски зборник. 28. Белград: СКА. стр. 321–322.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Археолошка карта на Република Македонија“, Том 2, издание на МАНУ, Скопје, 1996.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 53. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 22,00 22,01 22,02 22,03 22,04 22,05 22,06 22,07 22,08 22,09 22,10 22,11 22,12 22,13 22,14 22,15 22,16 22,17 22,18 22,19 22,20 22,21 22,22 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
- ↑ 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 23,5 23,6 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)