Липково

село во Општина Липково


Липково (албански: Likovë) — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Жеглигово, во околината на градот Куманово.

Липково
Липково во рамките на Македонија
Липково
Местоположба на Липково во Македонија
Липково на интерактивна карта

Карта

Координати 42°9′23″N 21°35′7″E / 42.15639° СГШ; 21.58528° ИГД / 42.15639; 21.58528Координати: 42°9′23″N 21°35′7″E / 42.15639° СГШ; 21.58528° ИГД / 42.15639; 21.58528
Општина Липково
Област Жеглигово
Население 2.138 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17056, 17556
Надм. вис. 448 м
Липково на општинската карта
Липково во Општина Липково.svg

Атарот на Липково во рамките на општината
Commons-logo.svg Липково на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во западните падини на Скопска Црна Гора, на десниот брег на Липковска Река. На 2 километри од Липково се наоѓа Липковското Езеро. Оддалечено е 13 километри западно од Куманово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 450 метри.

ИсторијаУреди

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза на Отоманското Царство.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.418—    
19531.663+17.3%
19611.507−9.4%
19711.741+15.5%
19811.929+10.8%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19942.339—    
20022.644+13.0%
20212.138−19.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Липково живееле 490 жители, од кои 250 Албанци и 240 Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липково имало 48 Македонци, патријаршисти, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Населението на селото се зголемувало, така што има население од 1.507 жители во 1961 година, а во 1994 година живееле 2.339 жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.644 жители и претставува најголемото село во областа Жеглигово и околината на Куманово. Во него живееле 2 Македонци, 2.631 Албанец и 11 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.138 жители, од кои 2.104 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 32 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 490 48 1.418 1.663 1.507 1.741 1.929 0 2.339 2.644 2.138
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Липково е албанско село.

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Дерњан (53 куќи), каде што се доселил кон крајот на 18 век. Потекнува од местото Дерњан од областа Мат (северна Албанија).[10]

ЛичностиУреди

Родени
  • Реџеп Селмани (1964-), доктор по медицински науки, универзитетски професор по областа хирургија и дигестивна хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје и министер за здравство на С.Р.Македонија.
  • Бајрам Шабани, народен херој
  • Крсте Христов, општественик, ктитор на црквата „Црква Св. Димитрија , Скопје“.
  • Садула Дураку (1960 - ), македонски политичар, министер
  • Евзи Мемети (р. 10 јуни 1936) - македонски просветен работник и функционер во СРМ

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.

Надворешни врскиУреди