Дреново (Кавадаречко)
Дреново — село во областа Раец, во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Дреново | |
Поглед на Дреново | |
Координати 41°25′09″N 21°53′24″E / 41.41917° СГШ; 21.89000° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Тиквеш |
Население | 508 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1423 |
Шифра на КО | 11016 |
Дреново на општинската карта Атарот на Дреново во рамките на општината | |
Дреново на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Дреново се наоѓа на 12 километри оддалеченост од Кавадарци, со обезбеден асфалтен пат и вкупно население од околу 648 жители. Селото Дреново лежи на ниската тераса на Тиквешкото Езеро, под северната падината на Вров, над вливот на реката Црна во Раец. Селото е од збиен тип.
Историја
уредиВо минатото било населено со христијанско и муслиманско население. Се дели на седум маала. На сред село се наоѓале училиште, џамија, чешма, општинска зграда и дуќани.
Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселението се занимава со земјоделство и сточарство. Поради Црна река околните ниви се доста плодни. Кон Вров на северната страна од селото се наоѓаат пасишта и шуми.
Денес, селото го има зафатено миграција и голем број на семејства се доселени во Кавадарци. Сепак за време на летните месеци и викендите се враќаат во селото и го обработуваат своето земјиште. Жителите на Дреново располагаат со поголем број на крупна и ситна стока (коњи 51, говеда 8, овци 799, свињи 57живина 700) и претежно се занимаваат со земјодеслтво и сточарство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дреново живееле 1.040 жители, сите Македонци, од кои 800 муслимани и 240 христијани.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дреново имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 50 Турци.[4]
Дреново е тиквешко село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 1.136 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 699 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Дреново живеат 648 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 508 жители, од кои 438 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин и 68 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.040 | 144 | 924 | 1.059 | 1.136 | 1.066 | 888 | 728 | 699 | 648 | 508 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиДреново е македонско село. Во минатото позастапени биле Македонците-муслимани.
Според истражувањата од периодот на 1920-1924, родови во селото биле.
Македонци-православни
- Староседелци: Ангелковци (8 к.), Горовци (р.1 к.), Бендеровци (2 к.), Каревци (р.1 к.), Божиновци (4 к.), Митиќовци (р.1 к.) и Левковци (р.1 к.)
- Доселеници: Пецовци (2 к.) доселени се средината на 19 век од селото Грбовец; Ицовци (2 к.) доселени во средината на 19 век од прилепското село Радобил; Лаловци (р.1 к.) доселени во 1890 година од прилепското село Царевиќ; Цветковци (2 к.) доселени во 1911 година од селото Грбовец; Ѓоргевци (р.1 к.) доселени во 1913 година од прилепското село Никодин; Бечовци (2 к.) доселени во 1913 година од селото Грбовец; Мојановци-Божјаци (р.1 к.) доселени во 1915 година од селото Галиште.
Македонци-муслимани
- Староседелци: Бектешовци (7 к.), Зулфери (2 к.), Османковци (6 к.), Аметовци (3 к.), Мујковци (2 к.), Мемедовци (3 к.), Ејуповци (р.1 к.), Идризовци (4 к.), Синановци (р.11 к.), Алиловци (3 к.), Бушовци (2 к.), Муратовци (р.1 к.), Селимовци (р.1 к.), Пиперковци (р.11 к.), Мастаковци (4 к.), Имер-Спаијовци (6 к.), Омеровци (2 к.), Хусовци (2 к.), Зеќировци (р.1 к.), Таквинчевци (р.1 к.), Митовци (5 к.), Кадичевци (р.1 к.), Асан-Спаијовци (2 к.), Пелиовци (р.1 к.), Иметовци (2 к.), Езаџијовци (р.1 к.), Јусуфовци (3 к.), Паковци (р.1 к.), Зурановци (р.1 к.), Хаџијовци (2 к.), Шеовци (2 к.), Јанузовци (р.1 к.), Камберовци (р.1 к.), Велијовци (р.1 к.), Глушчевци (р.1 к.), Сулејмановци (р.1 к.), Ибрајимовци (2 к.), Пашовци (4 к.), Чортевци (р.1 к.), Бекировци (4 к.), Беловци (р.1 к.), Мецковци (р.1 к.), Али-Еминовци (4 к.), Борупчетовци (р.1 к.). Еминовци (р.1 к.), Мемишовци (4 к.), Демировци (р.1 к.), Мулезимовци (р.1 к.), Јановци (р.1 к.), Елмаз-Муратовци (р.1 к.) и Саздовци (р.1 к.) последниот род бил последно исмамизиран.
- Доселеници: Пољаковци (7 к.) доселени се на почетокот на 18 век од дебарско. По доселувањето на основачот на овој род, започнала исламизацијата во селото Дреново; Муаџировци (р.1 к.) доселени се како мухаџири во 1878 година од околината на Врање во Србија; Адемовци (8 к.) доселени во 1884 година од селото Сирково; Сулејмановци (4 к.) доселени се во 1888 година од велешкото село Долно Чичево; Арифовци (р.1 к.) доселени се во 1898 година од селото Сирково; Мустафовци (р.1 к.) доселени во 1916 година од Кавадарци.[11]
Општествени установи
уреди- Во селото има осумгодишно основно училиште Во ова училиште се опфатени и децата од околните села во кои има основни училишта каде децата посетуваат настава само до 4-то одделение.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 695 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на младински дом.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 468 гласачи.[13]
Редовни настани
уредиВодоснабдувањето во селото е решено со иградбата на новиот бунар и потисен цевовод со капцитет од 5 л/сек. Пред изградбата на овој инфраструктурен објект, селото се снабдуваше со вода од каптираните извори во „Мотичани“ и „Црквата“ со капацитет од 0,8 м/сек и резервоари 2 ч. 65 м3 па се чувствуваше голем недостиг на вода и проблем со водоснабдувањето. Денес проблемот со водоснабдувањето е решен, а во тек е решавање на проблемот со канализацијата, кој е проект на Локалната самоуправа со поддршка на USAID.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Богородица“ со некогашно име „Св. Димитрија“
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Бекирова Чешма — некропола од доцноантичкото време;
- Валевица — сакарален објект и некропола од римското време;
- Врано Брдо - Утврдена населба — збег од римското време;
- Градиште - Деволград — населба од раноантичкото и римското време;
- Грамаѓе — населба од доцноантичкото време;
- Ѓупски Рид — населба од доцноримското време;
- Јачковец — населба и некропола од римското време;
- Картозов Рид — вила рустика од римското време;
- Колиби — населба од доцноантичкото време;
- Мутичански Дол — населба од доцноантичкото време;
- Пенур — некропола од доцноантичкото време;
- Питранец — вила рустика од доцноантичкото време;
- Св. Богородица — населба од римското време и средновековна некропола;
- Скала — населба од римското време.
Личности
уредиЛичности родени во Дреново:
- Минко Вишин ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ[15]
- Крсте Костадинов ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ[15]
- Јане Попов ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ[15]
- Методија Атанасов (р.1923) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 9 бригада[15]
- Перо Ристов Атанасов (р.1925) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Јован Митрев Биндев (р.1921) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 бригада[15]
- Боше Дончев Бошев (р.1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Тасо Дончев Бошев (р.1914) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 бригада и 11 бригада[15]
- Ило Дончев Бошев (р.1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Крсте Тодоров Бошев (р.1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Трајко Марков Ганчев (р.1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Ѓорѓи Неданов Голубов (р.1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 11 бригада[15]
- Ристо Младенов Делов (р.1908) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ, во месна чета[15]
- Јован Петров Делев (р.1915) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Герасим Анев Давчев (р.1905) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Ванчо Димов (р.1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Јован Младенов Делов (р.1915) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Ѓорѓи Ризов Ѓорѓиев (р.1921) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2, 9 и 11 бригада[15]
- Јован Ризов Ѓорѓиев (р.1926) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 3 бригада[15]
- Андре Петров Здравков (р.1905) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ, во месна чета[15]
- Валус Р. Илов (р.1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ, во месна чета[15]
- Јован Ѓелов Иванов (р.1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 12 и 3 бригада[15]
- Милан Андре Јовановски (р.1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 12 и 3 бригада[15]
- Атанас Стојан Јованов (р.1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Петре Николов Јованов (р.1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 и 9 бригада[15]
- Сребре Тодов Колев (р.1916) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 и 11 бригада[15]
- Владо Димитров Крстев (р.1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 бригада[15]
- Костадин Марков Костадинов (р.1914) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 бригада[15]
- Јованче Петров Колев (р.1917) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 и 9 бригада[15]
- Милан Илов Крстевски (р.1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2, 9 и 10 бригада[15]
- Ило Митрев Колев (р.1910) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Петре Стојанов Крстевски (р.1904) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 бригада[15]
- Душан Конев Лазов (р.1923) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Димо Петров Мицев (р.1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Ѓорѓи Петров Митрев (р.1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 48 дивизија[15]
- Ристо Андов Недев (р.1921) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Ѓело Дончев Николов (р.1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Стојан Ѓорѓи Настов (р.1900) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ, во месна чета[15]
- Трајко Милан Николовски (р.1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ, во велешкиот одред[15]
- Васил Ифтимов Настов (р.1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ, во 15 корпус[15]
- Мустафа Алиов Омеров (р.1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 и 9 бригада[15]
- Крсте Несторов Орданов (р.1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 11 бригада[15]
- Верко Јованов Попов (р.1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Сотир Николов Петров (р.1910) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Ристо Томе Петков (р.1904) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Васил Гичов Панов (р.1906) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Ристе Мицев Петков (р.1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Димо Ѓорѓиев Ристовски (р.1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Ѓело Трајков Рајчинов (р.1921) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 9 бригада и 17 бригада[15]
- Ордан Стојчев Ристов (р.1917) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 бригада[15]
- Доно Темов Ристов (р.1905) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Илија Павлов Стојанов ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 10 и 11 бригада[15]
- Тоде Павлов Стојков (р.1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Трајко Митрев Трајков (р.1914) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Тодор Атанасов Трајков (р.1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 и 9 бригада[15]
- Ристо Јованов Трајчев (р.1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 9 бригада[15]
- Цандо Ристов Кимов (р.1923) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Неделко Неделков Филипов (р.1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Стефан Соколов Филипов (р.1916) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада и 10 бригада[15]
- Блажо Димков Филипов (р.1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 2 бригада[15]
- Јован Димитров (1921-1945) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Ило Ганчев Стојанов (1924-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Јана Кузманова (1915-1944) — жртва на бомбардирањето од страна на Германија врз Дреново, за време на Втората светска војна
- Ристо Попов (1924-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Ристо Соколов Сокол (р.1957 - 2015), македонски уметник
Личности доселени во Дреново:
- Трипун Марков (1898-1943) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Ристо Марков (1900-1943) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Добре Паризов (1905-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Славе Паризов (1906-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Анчо Митков (1919-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Павле Ристов (1922-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Дукадин Маневски (1915-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 150, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 15,12 15,13 15,14 15,15 15,16 15,17 15,18 15,19 15,20 15,21 15,22 15,23 15,24 15,25 15,26 15,27 15,28 15,29 15,30 15,31 15,32 15,33 15,34 15,35 15,36 15,37 15,38 15,39 15,40 15,41 15,42 15,43 15,44 15,45 15,46 15,47 15,48 15,49 15,50 15,51 15,52 15,53 15,54 15,55 15,56 15,57 15,58 15,59 Камчевски, Петре (2008). Селото Дреново низ вековите. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 273–274. ISBN 987-9989-2432-9-5 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid prefix (help).