Рудник Радуша
Рудник Радуша — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Рудник Радуша | |
Куќи во Рудник Радуша | |
Координати 42°05′07″N 21°13′29″E / 42.08528° СГШ; 21.22472° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Сарај |
Население | 179 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1062 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 380 м |
Рудник Радуша на општинската карта Атарот на Рудник Радуша во рамките на општината | |
Рудник Радуша на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото е исто како на соседното село Радуша, кое доаѓа од личното име Радуш или Радух.[2] Кога бил отворен рудникот за хром во Радуша, издвоената рударска населба станала посебна административна единица, поради што го добила името Рудник Радуша.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот северозападен дел на Скопската Котлина, во Жеденската Клисура, непосредно сместено на левата страна на реката Вардар. Се наоѓа во северниот дел на подрачјето на Општина Сарај.
Традиционално, местото се водело во состав на селото Радуша.
Покрај реката, меѓу Рудник Радуша и Радуша минува регионалниот пат Р2234 (Сарај-Теарце).
Низ Рудник Радуша поминува малата Радушка Река, која се влива во Вардар во самото село.
Стопанство
уредиАтарот на селото не бил посебно пресметан и во минатото бил воден заедно со тој на Радуша. Заедничкиот атар зафаќа простор од 25,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.596 хектари, на пасиштата отпаѓаат 541 хектар, а на обработливото земјиште 288 хектари.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 1961 година, селото имало прилично мешан етнички состав, со големо македонско мнозинство — од вкупно 702 жители, 427 биле Македонци 125 Албанци, 20 Срби и 12 Турци и уште 78 останати.
Во текот на следната деценија населението се намалило за повеќе од половина. На следните пописи приметно е намалувањето на бројот на Македонците за сметка на оној на Албанците.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Рудник Радуша, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Рудник Радуша живееле 211 жители, од кои 138 Албанци, 11 Македонци, 58 Роми и 4 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 179 жители, од кои 156 Албанци и 23 лица без податоци.[5]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Рудник Радуша:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 293 |
1953 | — | — | — | — | — | — | — | —[заб 2] |
1961 | 427 | 125 | 12 | — | 60 | 78 | — | 702 |
1971 | 113 | 89 | 7 | 62 | 11 | 30 | — | 312 |
1981 | 51 | 80 | 7 | 100 | 0 | 29 | — | 267 |
1991 | 30 | 2 | 0 | 57 | 0 | 1 | — | 90 |
1994 | 22 | 107 | 1 | 78 | 0 | 5 | — | 213 |
2002 | 11 | 138 | 0 | 58 | 0 | 4 | — | 211 |
2021 | 0 | 156 | 0 | 0 | 0 | 0 | 23 | 179 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Општествени установи
уреди- ЖС „Радуша“, железничка станица на линијата Скопје-Кичево
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Сарај, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кондово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Рашче, во која покрај селото Рудник Радуша, се наоѓале и селата Горно Свилари, Долно Свилари, Дворце, Копаница, Радуша и Рашче. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Радуша, во која влегувале селата Дворце, Радуша и Рудник Радуша.
Избирачко место
уредиВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 2456 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште во селото Радуша.[6]
На парламентарните избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 110 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости
уреди- Реки
- Радушка Река — лева притока на Вардар, се влива во самото село во Вардар
- Езера
- Радуша (акумулација „Такбол“) — езеро во некогашниот рудник за хром „Радуша“
Галерија
уреди-
Мост на Радушка Река
-
Објект од поранешниот рудник Радуша
-
Објект од поранешниот рудник Радуша
-
Поранешен управен објект
-
Објект од поранешниот рудник Радуша
-
Рудник Радуша
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 132. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 251. Посетено на 28 јануари 2022.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 февруари 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 февруари 2022.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 2 февруари 2022.
- Забелешки
- ↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.
- ↑ Податоците од населеното место Рудник Радуша, согласно важечката територијална организација за време на Пописот од 1953 година, се вклучени во податоците за населеното место Радуша.
Надворешни врски
уреди- Рудник Радуша на Ризницата ?