Снегово

село во Општина Битола

Снегово — раселено село во Општина Битола чиј атар се издига до сртот на Облаковска Планина, во околината на градот Битола.

Снегово
Снегово во рамките на Македонија
Снегово
Местоположба на Снегово во Македонија
Снегово на карта

Карта

Координати 41°4′1″N 21°17′39″E / 41.06694° СГШ; 21.29417° ИГД / 41.06694; 21.29417
Општина Битола
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02109
Надм. вис. 973 м
Снегово на општинската карта

Атарот на Снегово во рамките на општината
Снегово на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа северно од градот Битола и се оди по земјен пат преку населбата Баир. Исто така, може да се стигне и преку село Крклино. Надморската висина изнесува 973 метри.

Историја

уреди

Во XIX век Снегово е мало албанско село во Битолската каза на Османлиското Царство.

Стопанство

уреди

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Снегово живееле 45 жители, сите Албанци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[3]

Селото е наполно иселено по 1953 година, кога броело 166 жители, сите Албанци.[4]

Според пописот во 2002 селото е без жители.[5] Истото е потврдено и на пописот во 2021 година.

Родови

уреди

Снегово било албанско село.

Родови во селото биле: Саитлалар (3 куќи), Мустафај (4 куќи), Арифи (4 куќи) и Салиалар (1 куќа) споменатите албански родови се намножиле од три доселени куќи, домаќините се викале Ариф, Мустафа и Ибраим, доселени од селото Ќилина во Колоња (јужна Албанија). Имаат роднини во Нижеполе (Баку), во родот Мустафај се знае следното родословие: Рамуш (жив на 76 г. во 1950-тите) Демир-Мусатафа, предокот кој се доселил.[6]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.238.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.

Надворешни врски

уреди