Врпско
Врпско — раселено село во Општина Прилеп, во областа Мариово, југоисточно од градот Прилеп.
Врпско | |
Координати 41°14′21″N 21°48′47″E / 41.23917° СГШ; 21.81306° ИГД | |
Регион | Мариово |
Општина | Прилеп |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20017 |
Надм. вис. | 650 м |
Врпско на општинската карта Атарот на Врпско во рамките на општината | |
Врпско на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиВрпско — село во југозападниот дел на територијата на Општина Прилеп, во областа Мариово. Се наоѓа југоисточно од Прилеп, лево од патот Ново Лагово-Витолиште-Кавадарци-Росоман-Градско.
Историја
уредиСелото Врпско во османлиските пописни дефтери:[2]
Османски статистики | Домаќинства | Неженети | Вдовици | Годишен приход |
---|---|---|---|---|
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. | 10 | 1 | 3 | 823 |
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. | 17 | 691 | ||
Дефтер бр. 73 од 1519 г. | 43 | 4 | 1843 | |
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. | 36 | 9 | 2 | 2555 |
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. | 18 | 3 | 1555 |
Во XIX век, Врпско било село во Мариовската нахија во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врпско живееле 230 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врпско имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врпско се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Врпско било целосно раселено.[7] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 224 | 124 | 135 | 137 | 46 | 5 | 1 | 2 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Врпско, Витолиште и Живово.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[14]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главната селска црква. Изградена во 1881 година;
- Црква „Св. Харалампиј“ - помала селска црква. Изградена на темели на стара христијанска базилика;[15]
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Врпско (Vrpsko) село во Прилепско Мариово. // Итар Пејо. Посетен на 3 март 2014 г.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2019-04-22.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ ОСТАТОЦИ ОД УТВРДУВАЊЕ И КОМПЛЕКС ОД РАНОХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА И ДРУГИ ГРАДБИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ГРАДИШТЕ“ КАЈ СЕЛОТО ВРПСКО, ПРИЛЕПСКО