Долно Јеловце
Долно Јеловце — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Долно Јеловце | |
Координати 41°48′10″N 20°50′8″E / 41.80278° СГШ; 20.83556° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 07031 |
Надм. вис. | 901 м |
Долно Јеловце на општинската карта Атарот на Долно Јеловце во рамките на општината | |
Долно Јеловце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиДолно Јеловце е сместено на пазувите на Шар Планининскиот масив или поточно на планината Враца, на надморска височина од 1.050 метри.
Историја
уредиНајстариот пронајден податок за постоење на Д. Јеловце датира од 1568 година од турските архиви во кои стои дека селото се викало Јелов Дол. Според турскиот попис во селото живееле 15 семејства сите со православна вероисповед. Не е познат бројот на жители, но се наведува дека 13 биле неженети и дека заради тоа плаќале данок на султанот. Насалението се занимавало претежно со сточарство и земјоделство.
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Најголем број на жители кои живееле во Долно Јеловце бил 520. По Втората светска војна голем дел од селаните својата издршка ја нашле со заминување на печалба во Романија, Србија и др.
Стопанство
уредиВо манастирските конаци отворен е национален ресторан „Конак“ во кој гостите уживаат во специјалитетите приготвени по рецепти токму од овој крај. Во самите конаци и во конаците пред црквата Св. Ѓорѓија има апартмани за сместување на сите добронамерници без разлика на вера и вероисповед. Сите апартмани располагаат со засебни бањи.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Јеловце живееле 522 жители, од кои 375 Македонци и 147 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Јеловце имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Долно Јеловце е дел од Долнојеловска општина (со центар во Здуње) во Горнополошкиот срез и има 57 куќи со 405 жители, Македонци и Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Јеловце живеат 10 жители, Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 522 | 448 | 407 | 426 | 373 | 190 | 64 | 20 | 18 | 10 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиДолно Јеловце е македонско село, а порано имало и Албанци во селото.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Македонски:
- Стојановци (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Србија (две семејства).
- Валеќевци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
- Стамевци (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
- Ќосевци (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Крајчевци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
- Јанејќевци (4 к.), староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство).
- Пејовци (11 к.), староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (две семејства).
- Гаџовци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство).
- Караџовци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Романија (четири семејства) и во Тетово (едно семејство).
- Ангелковци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Печково. Домазетот влегол во родот Караџовци.
- Гаве (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од некое село во Порече. Овде влегол во родот Ќосевци.
- Данаил (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Печково. Таму биле староседелци.
- Албански:
- Алија (15 к.), Уко (2 к.), Равман (2 к.) и Незир (2 к.), доселени се во различен период од северна Албанија. Имаат иселеници во Турција (две семејства).[12]
Општествени установи
уредиСе прават напори селото економски да заживее во областа на туризмот, бидејќи располага со прекрасна недопрена и еколошки чиста средина. Во моментов единствен сместувачки капацитет се конаците во манастирскиот комплекс Св. Илија кој располага со 22 легла и етно ресторан во кој се служат специјалитети карактеристични за овој крај.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 533 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горно Јеловце.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уредиВо Долно Јеловце постојат три светилишта од кои две се наменети на пророкот Свети Илија (заштитник на селото), а едно на Свети Ѓоѓија. Податоци за изградба на двете цркви наменети на пророкот Илија не се познати. Манастирот Свети Илија е возобновен на темелите на стариот во 2004 година кога се удрени и темелите на конакот.
Редовни настани
уредиОд памтивек па сѐ до денес, во селото се одржуваат неколку црковни манифестации. Јануари е месец кога се слави денот Водици. Во април на местото каде се наоѓа светата вода (кај манастирот Свети Илија) се слави денот Источен Петок - Балаклија. На 2 август е славата наменета на заштитникот на селото пророкот Илија - Илинден. Ова е најголемиот македонски православен празник кога по традиција сите јеловчани доаѓаат да се забавуваат во манастирскиот двор и да го слават името на пророкот Илија.
Личности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиДенес, Долно Јеловце — село во кое постојано живее 1 жител. Но сепак, поради близината, а и убавата местоположба, често е посетувано за време на викендите. Најголемиот дел од јеловчаните иселен е во градот Гостивар, а остатокот во Скопје. Надвор од границите на Македонија најмногубројни се во Србија, а помал дел во Романија, Америка и др.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 213.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 122-123.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име:2
. - ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2019-05-10.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.