Жван
Жван — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Жван | |
Поглед на селото Жван | |
Координати 41°17′10″N 21°07′07″E / 41.28611° СГШ; 21.11861° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 242 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7244 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10013 |
Надм. вис. | 643 м |
Слава | Митровден, Св. Петка, Петковден и Илинден[2] |
Жван на општинската карта Атарот на Жван во рамките на општината | |
Жван на Ризницата |
Меѓу селата Слоештица и Жван е сместен Топличкиот манастир.
Потекло на името
уредиВо минатото селото Жван преживеало многубројни војни, па поради тие војни е поделено на два дела, односно селото Жван и подмесноста Отрап. Според една легенда, името Жван е добиено според анот што се наоѓал во месноста Отрап. Кога тој ан станал познат луѓето често се прашувале каде ќе одиш и тие често одговарале ан, со што анот станал живан и со текот на времето селото го нарекле Жван.
Географија и местоположба
уредиСместено е на десниот брег на реката Црна, која лежи на самиот пат помеѓу Кичево и Битола. Претставува развиен рурален центар. Селото е рамничарско, на надморска височина од 690 метри.[3]
Селото Жван се наоѓа северно од градот Демир Хисар. Сместено е под планината Бигла, непосредно под пасивниот рудник за железна руда. Земјиштето на Жван зафаќа површина од 9,1 км2, од кои обработлива земја е 248,9 ха, пасиштата заземаат 154,2 ха, а горите 456,4 ха.[3] Соседни села на Жван: Слоештица и Мренога од југозапад и југ, Бабино од северозапад, Доленци од север, и Сопотница од исток.
Историја
уредиВо XIX век, Жван било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Според истражувањата на Пане Перуновски селото во пописните турски дефтери е запишано како Џван-хане. Во текот на петнаесеттиот век населбата броела шеесет и едно семејство, а во почетокот на седумнаесеттиот век биле регистрирани дваесет и една куќа. Селото првин се наоѓало на потегот на црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија“ кои се на левата страна на Црна Река. Со оглед на денешната распространетост на селото од двете страни на реката се забележува одредено проширување.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиСтопанството во ова село не е развиено. Под овој поим може да се каже само дека, жителите сами одгледуваат земјоделски производи и чуваат домашни животни. Сето тоа што го произведуваат е за свои потреби, и многу мал дел е за продажба. Најпознат производ е жванскиот грав, кој се смета за втор по квалитет во Општина Демир Хисар, веднаш после гравот произведен во село Обедник. Се сади заедно со пченка, која исто така е доста застапена. Од други земјоделски култури се одгледува пченица, компир. Друга стопанска гранка е и печуркарството. Во шумите на ова село може да се најде печурка од видовите на: врган, лисичарка, кукмарец, срњак. Во ливадите од ова село исто така може да се најде и печурката ливадарка. Постојат две сезони за собирање на печурка и тоа во пролет и есен. Собраниот производ се откупува преку посредувачи кои се сопственици на продавниците во ова село, а откупот го вршат фирми од општина Демир Хисар кој овој производ го обработуваат и го пласираат во земјата, но и на странски пазари.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Жван имало 340 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жван имало 360 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жван се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]
Во текот на втората половина на XX век, од Жван се иселил значителен број од населението. Во 1961 година селото имало 904 жители, а во 1994 година 506 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 428 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 242 жители, од кои 220 Македонци и 22 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340 | 360 | 779 | 907 | 904 | 786 | 699 | 531 | 506 | 428 | 242 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиЖван е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[15]
- Староседелци: Близнаковци (7 к.), Шулевци (7 к.), Бучуковци (7 к.), Рутевци (4 к.), Грошаровци (2 к.) и Станојовци (6 к.).
- Со непознато потекло: Ташовци (4 к.), Џамбазовци (5 к.), Јанкуловци (2 к.), Лапевци (2 к.) и Ташовци (1 к.).
- Доселеници со познато место на потекло: Каравиловци (33 к.), се делат на Пецовци, Стевановци, Гроздановци, Кузмановци, Калевци и Филиповци, доселени се од мијачкото село Галичник. Го знаат следното родословие: Мице (жив на 95 г. во 1951 година) Вилип-Миленко, дошол таткото или дедото на Миленко; Талевци (4 к.), Андревци (2 к.) и Дуковци (3 к.), Андревци и Дуковци се деленици од Талевци. Доселени се од селото Базерник; Бабинци (3 к.), Калаповци (3 к.) и Кучкаровци или Талевци (1 к.), доселени се од селото Бабино; Бавчанџиовци (2 к.), доселени се од селото Бучин, Крушевско; Павлевци (7 к.), доселени се од селото Прострање; Китовци (3 к.), Здравевци (3 к.), Најдовци (4 к.) и Ендековци (3 к.), доселени се од селото Радово; Дамчевци (3 к.), доселени се од селото Слоештица и Момировци (2 к.), доселени се од Битолско.
Општествени установи
уреди- ОУ „Браќа Миладиновци“ - Жван[16]
- Месна заедница „Жван“
- Амбуланта
- Пошта
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Жван, во која покрај селото Жван, се наоѓале и селата Вирово, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слојштица, Сопотница и Суво Грло.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 648 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 268 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[19]
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Латинска Црква — црква од средниот век;
- Мајданиште — населба и топилница од доцноантичко време;
- Св. Арангел — црква и некропола од средниот век;
- Св. Илија — црква од средниот век;
- Селиште — населба од доцноантичко време.
- Цркви[20]
- Црква „Св. Димитриј“ — позната и како „Латинска црква“, изградена во 1634 година;
- Црква „Св. Петка“ — гробјанска црква;
- Црква „Св. Архангел Михаил“
- Црква „Св. Илија“
- Манастири
- Топлички манастир — средновековен манастир
- Реки
- Споменици
- Спомен-чешма за загинатите во НОБ
Редовни настани
уреди- Петковден (8 август) — селска слава
Личности
уреди- Родени
- Божин Павловски (р. 1942) — македонски писател
- Раде Силјан (р. 1950) — македонски поет, есеист, критичар, преведувач
- Никола Стојанов Калапоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Никола Јонов Кузманоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Тале Грозданов Гроздановски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Трајко Петров Дамчески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Коста Ристев Бавчанџиски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Мирче Крстев Близнакоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Јонче Најдов Најдоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Пејко Јанкулев Јанкулески — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Мицко Јошев Јошески — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Борис Дамчевски — македонски партизан
- Починати
- Демир Идрисовски (? Трновци, битолско - 2 април 1941) — македонски борец, убиен од страна на бугарската окупаторска власт
- Поврзани
- Мартин и Стефан Филиповски (Next Time) — македонски музичари со потекло од Жван
- Јонче Христовски — по потекло од Жван
Култура и спорт
уредиЖван во минатото имал многу успеси во спортот. Воглавно во фудбалот. Најпрво се натпреварувал во општинска лига и го освоил пехарот во шеесеттите години. Потоа со квалификациите во Македонски Брод, Жван се пласира во Регион. Спортот во Жван се распаднал во 1995-1996. Денес после 15 години Жван повторно формира екипа, која очекува да започне Општинска лига за да може да се натпреваруваат.
Иселеништво
уредиДо 1951 година иселеници од селото има во Битола (2 семејства), Аргентина (1 семејство), САД (1 семејство), Бугарија (1 семејство) и во Демир Хисар (3 семејства).[15]
Иселеништвото продолжило и потоа што може да се забележи и по големиот пад на население во пописите.
Занимливости
уреди- Жван се споменува во повеќе епизоди на анимираната серија „Еднооки“.
- Игор Џамбазов го има во неколку наврати спомнато Жван, во познатата Жванска изрека „Во светот постојат три типа на луѓе: луѓе, нелуѓе и Жванци“.
Галерија
уреди-
Полусрушена куќа во селото
-
Сретселото во Жван
-
Улица во селото Жван
-
Селските гробишта во Жван
-
Печат на демир-хисарското друштво „Илинден“.
Поврзано
уреди- Жван (Украина) — истоимено село во Виничката област, Украина
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 123. Посетено на 8 декември 2016.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 август 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 22,0 22,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 25,0 25,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)