Куклиш
Куклиш — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. До 2004 година било седиште на своја Општина Куклиш.
Куклиш | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°24′19″N 22°39′55″E / 41.40528° СГШ; 22.66528° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 2.172 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2410 |
Шифра на КО | 27037, 27537 |
Надм. вис. | 250 м |
Слава | Свети Атанасиј |
Куклиш на општинската карта Атарот на Куклиш во рамките на општината | |
Куклиш на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКуклиш се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 4 километри.
Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 2198 ха.
Селото граничи со Градско Балдовци, Свидовица, Три Води, Дорломбос, Орманли, Сачево, Струмица.
Историја
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куклиш се состоело од 100 семејства со 306 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Куклиш имало 700 жители Македонци[2][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 904 Македонци и функционирало егзархиско училиште[2][5].
Во селото имало комитет на ВМОРО, кој бил основан од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков[6].
Палење на селото
уредиВо 1904 година селото било запалено од страна на турската војска. Според преданијата, во овој напад загинале 38 селани, меѓу кои жена и дете а имало и силување од страна на аскерот. Според други извори, од вкупно 105 куќи во Куклиш, 64 изгореле целосно до темел.
На 3 февруари 1904 година Крсто Георгиев - Новоселски со својата мала чета слегол во селото. Тој во селото бил предаден па по него се упатил башибозукот од Струмица. Битката започнала уште во раните утрински часови и траела цел цен, сè до полноќ. Турците на неколкупати се обидувале да се доближат и да ја запалат куќата каде биле четниците, но секогаш биле одбивани со големи загуби. Околу полноќ опсадените, со силен налет, и фрлајќи бомби, си пробиле пат и се извлекле кон Беласица. Четниците поминале без ниедна жртва, а од Турците загинале 18 души, меѓу кои и еден офицер. Во овој број се нашол „пеливанот” Сефедин чауш, од блиското село Габрово. Турците гневни поради неуспехот да се зароби или убие војводата Крсто Георгиев - Новоселски, турскиот аскер веднаш почнал со палењето и крвавото плачкосување на целото село.
Стопанство
уредиПретежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 600 ха[7].
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.532 жители.[9] и претставува најголемо село во Општина Струмица, како и едно од најголемите села во Струмичко Поле.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.172 жители, од кои 2.074 Македонци, 2 Албанци, 3 останати и 93 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | 940 | 1.317 | 1.442 | 1.786 | 2.057 | 2.382 | 2.555 | 2.517 | 2.535 | 2.172 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
уреди- Подрачно Основно училиште Даме Груев
- Амбуланта
- Пошта
- Дом на култура
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 1827, 1828 и 1829 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.202 гласачи.[16]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.207 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква Св.Атанасиј
- Манастир Св. 15 Тивериоплоски Маченици. Манастирот "Св.15 Тивериополски Маченици", е именуван на Светците коишто се од Солун, и за време на својата мисија за ширење на христијанството биле заробени и убиени во Куклиш на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Коските на неколку од светците се наоѓат и денес во манастирот во Куклиш, а поголемиот број од нив се наоѓат во манастирот "Св. 15 Тивериополски Маченици" којшто се наоѓа во Струмица. Таков манастир посветен на "Тивериополски Маченици" има уште и во Солун од каде што се тргнале. Името Тивериополски го добиле по старото име на Струмица која тогаш се викала Тивериопол.
- Спомен костурница на паднати борци од НОБ
Личности
уредиБорче Начев - глумец
Култура и спорт
уреди- ФК Кукла
- KУД Браќа Минкови
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 70.
- ↑ „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски
уреди„Куклиш“ на Ризницата ? |