Мало Мраморани
Мало Мраморани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Мало Мраморани | |
Поглед на Мало Мраморани | |
Координати 41°24′51″N 21°29′14″E / 41.41417° СГШ; 21.48722° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 46 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7504 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20061 |
Надм. вис. | 715 м |
Мало Мраморани на општинската карта Атарот на Мало Мраморани во рамките на општината | |
Мало Мраморани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиМало Мраморани се наоѓа во источниот дел на Прилепското Поле, оддалечено 12 км северозападно од Прилеп. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 715 м. Неговиот атар зафаќа површина од 3,7 км2.[2]
Историја
уредиВо XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Стопанство
уредиВо рамки на селскиот атар, обработливото земјиште преовладува на површина од 241 ха, па затоа селото има исклучиво полјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името М-р-м-о-р-а-н-и и имало 27 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Мраморани е село со 11 домаќинства и 44 жители Македонци.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Мраморани — споменато како Долно Мраморани — живееле 55 жители Македонци.[7] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото живееле 48 Македонци.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Мраморани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.[10]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 44 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 45 Македонци и 1 лице без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 55 | 48 | 93 | 102 | 98 | 96 | 75 | 49 | 52 | 44 | 46 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
уредиМало Мраморани е македонско село.
Родови во селото се: Јакофовци (3 куќи) први доселеници во селото, не знаат од каде се доселени; Гличевци (9 куќи) доселени се во првата половина на XIX век од селото Горно Село, таму имаат истоимени роднини, го знаат следното родословие: Киро (жив на 40 г. во 1950-тите) Даме-Ристо-Јаков, се доселил неговиот татко; Кашовци (4 куќи) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Сенокос, таму им биле род Смрдевци, уште подалечно потекло од Мариово; Лазовци (1 куќа) доселени се од костурското село Сетома во 1948 година; Каратошевци (1 куќа) доселени се од околината на Кајлари (Егејска Македонија) во 1948 година.[17]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1491 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[20]
- Црква Св. Атанас — осамен наод од римско време.
Познати личности
уреди- Богдан Иванчев (1883 - ?) — македонски револуционер.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 1890.
- ↑ „Мало Мраморани“. OldPrilep. 18 октомври 2014.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 864.
- ↑ Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ (книга 4). Скопје. стр. 82.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 10 јули 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- Мало Мраморани на Ризницата ?