Утово
Утово — село во Општина Демир Хисар.
Утово | |
Координати 41°10′57″N 21°11′38″E / 41.18250° СГШ; 21.19389° ИГД | |
Регион | Железник |
Општина | Демир Хисар |
Население | 34 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 10037 |
Надм. вис. | 677 м |
Утово на општинската карта Атарот на Утово во рамките на општината | |
Утово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиУтово — село во општина Демир Хисар. Од градот Демир Хисар оддалечено е 8км јужно.
Историја
уредиСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Стопанство
уредиНаселение
уредиНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Утово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[4]
Во 2002 година во селото живееле 35 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 33 Македонци и 1 останат.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 70 | 172 | 133 | 131 | 119 | 98 | 130 | 109 | 51 | 35 | 34 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиУтово е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Доселеници: Грујовци (3 к.) од Суводол по потекло. Од таму отишле во Сопотница, па во Бараково, и на крај дошле во Утово; Климчевци (3 к.) доселени се од селото Секирани кај Битола; Дуровци (3 к.) и Сиљановци (3 к.) доселени се од сега раселеното село Крагуево; Јошевци (3 к.), Цветковци (1 к.) и Цветановци (1 к.) доселени се од селото Слепче; Трапановци (1 к.) и Стојковци (1 к.) доселени се од селото Лесково; Гајдаровци (2 к.) доселени се од селото Вардино; Поповци (1 к.) и Џеладиновци (1 к.) доселени се од селото Боиште; Саитовци (1 к.) доселени се од селото Обедник.[9]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 627 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Загориче.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 124 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Трајко Огненовски, универзитетски професор и писател
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1952 година:
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |