Доброшинци
Доброшинци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Доброшинци | |
Поглед на дел од селото Доброшинци со дел од селото Нова Маала во позадината | |
Координати 41°28′57″N 22°37′36″E / 41.48250° СГШ; 22.62667° ИГД | |
Општина | Општина Василево |
Население | 678 жители жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2416 |
Шифра на КО | 27023, 27523 |
Доброшинци на општинската карта Атарот на Доброшинци во рамките на општината | |
Доброшинци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиДоброшинци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Општина Василево, во Струмичката Котлина, на левата страна од реката Струмица и во подножјето на планината Огражден. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 13 километри.
Надморската височина во селото е 217 метри додека селото зафаќа површина од 24,2 км2. Од нив 913,1 хектари се обработливо земјиште, 775,2 хектари се пасишта и 643,8 се шуми[2]
Историја
уредиАнтички период
уредиВо околината на денешното село се наоѓаат археолошки остатоци од т.н. Блок на ЗИК, Крсла и Тумба. Според овие остатоци се смета дека селото постоело уште во античкиот период. Самото име се претпоставува дека е добиено од етимолошката врска и историската поврзаност помеѓу античкиот град Добер и денешното село[3].
Отоманско Царство
уредиИмето на селото пред доаѓањето на Османлиите најверојатно било Добрево[3]. Во текот на XIX век, селото било мешано. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 50 семејства со 147 жители Македонци и 40 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 320 жители, од кои 60 Македонци и 260 Турци[4][6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 40 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми[4][7].
Југославија
уредиПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Доброшинци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Население
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци и 150 Македонци.[8]
На пописот од 2002 година, селото имало 936 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 756 |
1953 | 197 | 1 | 607 | 1 | — | 1 | — | 2 | 809 |
1961 | 491 | — | 251 | — | — | 13 | — | 1 | 756 |
1971 | 602 | — | 73 | — | — | 7 | — | — | 682 |
1981 | 784 | — | 106 | — | — | 1 | — | 6 | 897 |
1991 | 806 | — | 151 | — | — | 6 | — | 3 | 957 |
1994 | 758 | — | 107 | — | — | — | — | 20 | 885 |
2002 | 753 | — | 182 | — | — | — | — | 1 | 936 |
Во 1953 година, 75 % од населението биле Турци, но со нивното иселување во Турција, бројот на Турците повеќе од двојно се намалил, додека бројот на Македонците истовремено се зголемувал.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Доброшинци има 678 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 433 |
Албанци | 1 |
Турци | 130 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
Други | 113 |
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1806 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 789 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Троица“
- ОУ „Атанас Нивичански“
- Стара џамија
- Нова џамија
- Пошта
Галерија
уреди-
Глетка од Доброшинци
-
Глетка од Доброшинци
-
Поглед на Доброшинци
-
Поглед на селото Доброшинци од Струмичкото Поле
-
Влезот на Доброшинци од исток
-
Глетка на дел од селото Доброшинци
-
Зградата на училиштето и градинката во Доброшинци
-
Старата училишна зграда
-
Улица во Доброшинци
-
Улица во Доброшинци
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 90.
- ↑ 3,0 3,1 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.