Буковљане

село во Општина Старо Нагоричане

Буковљане — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Буковљане
Буковљане во рамките на Македонија
Буковљане
Местоположба на Буковљане во Македонија
Буковљане на карта

Карта

Координати 42°18′56″N 21°58′14″E / 42.31556° СГШ; 21.97056° ИГД / 42.31556; 21.97056
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 19 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17013
Надм. вис. 981 м
Буковљане на општинската карта

Атарот на Буковљане во рамките на општината
Буковљане на Ризницата

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948232—    
1953241+3.9%
1961231−4.1%
1971200−13.4%
1981134−33.0%
ГодинаНас.±%
199189−33.6%
199480−10.1%
200275−6.2%
202119−74.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Буковљане имало 75 жители, сите Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 14 Македонци и 5 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 205 160 232 241 231 200 134 89 80 75 19
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]


Родови

уреди

Буковљане е македонско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Велковци (7 к.) и Гаврилци (7 к.) и Дреноглавци (9 к.) доселени се од селото Мусуљ кај Босилеград во Србија. Во првиот род се знае следното родословие: Божин (жив на 55 г. во 1950 година) Василко-Тодор-Смилко-Велко, кој се доселил пред околу 250 години; Шопци (9 к.) доселени се од селото Долна Лубата кај Босилеград во Србија. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 30 г. во 1950 година) Александар-Пешо-Стеван-Петар, кој се доселил; Милисковци (3 к.) доселени се од селото Рамно кај Куманово.[9]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград.

Надворешни врски

уреди