Источен Регион
регион во Македонија
Источен Регион — еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во источниот дел на Македонија и се граничи со Бугарија на исток и внатрешно со Вардарскиот, Скопскиот, Североисточниот и со Југоисточниот Регион. Главен град на регионот е Штип.
Источен Плански Регион | ||
Регион | ||
|
||
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во рамките на Републиката. | ||
Земја | Македонија | |
---|---|---|
Површина | 3,537 км2 | |
Население | 181,858 (2002) | |
Основано | 2009 | |
Часовен појас | UTC +1 | |
Повикувачки бр. | 032 | |
Oпштини | 11 | |
Седиште | Штип | |
Раководител | Драгица Здравева | |
Контакт | 032/ 386-412 | |
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
| ||
Портал: Официјално мрежно место | ||
Општини
уредиИсточниот Регион вклучува 11 општини[1]:
Демографија
уредиНаселение
уредиМоменталната бројка на населението на источниот регион е околу 181.858 жители или 10 % од вкупното население на Македонија, според новите граници кои не ги вклучуваат Свети Николе и Лозово.
Попис | Население | Промена |
---|---|---|
1994 | 201.525[2] | N/A |
2002 | 181.858 | +1.94% |
Најголеми населби
уредиПомеѓу најголемите населени места во регионов се:
Ранг | Населено место | Население |
---|---|---|
1 | Штип | 43.652 |
2 | Кочани | 28.330 |
3 | Делчево | 11.500 |
4 | Виница | 10.863 |
5 | Пробиштип | 10.816 |
6 | Берово | 7.002 |
7 | Македонска Каменица | 5.147 |
8 | Пехчево | 3.237 |
9 | Злетово | 2.477 |
10 | Зрновци | 2.221 |
Етнички групи
уредиНајголемите етнички групи во регионот се Македонците, но тука живеат и:
Број | % | |
Вкупно | 203.213 | 100 |
Македонци | 188.522 | 92.77 |
Роми | 6.927 | 3.40 |
Турци | 2.636 | 1.29 |
Власи | 2.514 | 1.23 |
други | 2.614 | 1.28 |
- Забелешка: Податоците се според старите граници на регионот, односно ги вклучува општините Свети Николе и Лозово, кои денес се дел од Вардарскиот Регион.
Наводи
уреди- ↑ „Источен Регион“. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2011-04-29.
- ↑ Според старите граници со општините Свети Николе и Лозово.
Поврзано
уреди„Источен Регион“ на Ризницата ? |