Полаки

село во Општина Кочани


Полаки — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Полаки
Babiste polaki1.jpg

Маалото Бабиште

Полаки is located in Македонија
Полаки
Местоположба на Полаки во Македонија
Координати 42°02′52″N 22°24′38″E / 42.04778° N; 22.41056° E / 42.04778; 22.41056Координати: 42°02′52″N 22°24′38″E / 42.04778° N; 22.41056° E / 42.04778; 22.41056
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани
Област Осоговија
Население 113[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13032
Надм. вис. 780-1.110 м
Полаки на општинската карта
Полаки во Општина Кочани.svg

Атарот на Полаки во рамките на општината
Commons-logo.svg Полаки на Ризницата

Потекло на иметоУреди

Постои кажување за тоа како селото го добило името. Според него, главно занимање на населението од овој крај било сточарството. Сточарите најчесто своите стада ги паселе покрај речните ливади, т.н. лаки. На прашањето каде ќе бидат утрешниот ден најчесто одговарале „ПО ЛАКИ-те“.

Географија и местоположбаУреди

Полаки се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Кочани. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780-1.110 м. Селскиот атар зафаќа површина од 74,5 км2. Од Кочани е оддалечено 22 км.[2]

Маалата во селото се познати како: Рамно Брдо, Лопен, Борово Брдо, Лисо Брдо, Рамно Нивиште, Скорово, Бабиште, Ширината, Крушка, Суво Брдо, Црвената, Качаник, Касиро, Црешната и други.

СтопанствоУреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите преовладуваат на површина од 5.742 ха, на пасишта отпаѓаат 1.237 ха, а обработливото земјиште е на површина од 399 ха.[2]

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Полаки живееле 500 жители, сите Македонци.[3]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Полаки имало 636 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Во текот на XX век е забележителен значителен пад на бројот на населените, па така селото преминало од голема во мала населба.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Полаки живеат 113 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500 636 1.020 1.140 1.024 923 521 279 245 113
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установиУреди

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава. Освен тоа, во селото има и услужни објекти. Селото во минатото имало неколку цркви кои денес не постојат. Цркви имало кај маалата Бабиште, Суво Брдо и во близина на гробиштата, а во маалото Крушка постоела црква „Св. Илија“.[8]

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.

Во XIX век, Полаки било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 872 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 61 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Бела Река покрај маалото Река
Археолошки наоѓалишта[11]
  • Св. Спас — градиште од доцноантичкото време;
  • Селиште — населба и некропола од доцноантичкото време.
Манастири
Реки
Цркви

ЛичностиУреди

Родени во Полаки

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 239-240.
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 227.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. Атанасова, И. и Ајтовска, Љ. (2014). „Полаки: за шопските краишта во Кочанско“. Општина Кочани. ISBN 978-608-65280-9-6.
  9. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
  10. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врскиУреди