Арачиново

село во Општина Арачиново

Арачиновосело во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје и центар на истоимената Општина Арачиново.

Арачиново
043 MK0080201 Panorama na Aračinovo.jpg

Панорама на Арачиново

Арачиново во рамките на Македонија
Арачиново
Местоположба на Арачиново во Македонија
Арачиново на интерактивна карта

Карта

Координати 42°01′35″N 21°33′42″E / 42.02639° СГШ; 21.56167° ИГД / 42.02639; 21.56167Координати: 42°01′35″N 21°33′42″E / 42.02639° СГШ; 21.56167° ИГД / 42.02639; 21.56167
Општина Coat of arms of Aračinovo Municipality.svg Арачиново
Население 7.991 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1045
Шифра на КО 25003
Надм. вис. 267 м
Арачиново на општинската карта
Арачиново во Општина Арачиново.svg

Атарот на Арачиново во рамките на општината
Commons-logo.svg Арачиново на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора, на надморска височина од 267 метри.

ИсторијаУреди

Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.

ДемографијаУреди

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Арачиново живееле 205 жители, од кои 175 Македонци и 30 Роми.[2]

Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арачиново имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Во 1961 година селото има 1.037 жители, од кои 296 Македонци, 406 Албанци, 188 Турци, 25 Срби и 122 останати.

На пописот во 1994 биле попишани 6.328 жители, а на последниот попис од 2002 година селото има 7.315 жители и претставува едно од најголемите села во Македонија, поголемо и од неколку помали македонски градови. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 594 (иселени 1.290)
Албанци 6.677
Турци 0
Роми 0
Власи 1
Срби 10
Бошњаци 2
останати 31

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под.[6] Вкупно
1948 584
1953 256 166 133 81 1 637
1961 296 406 188 25 122 1.037
1971 306 1.641 430 25 12 22 2.436
1981 627 4.372 478 15 248 5.740
1994 620 5.675 1 18 14 6.328
2002 594 6.677 1 10 2 31 7.315
2021 4 7.777 210 7.991

ЛичностиУреди

ИселеништвоУреди

Поголем дел од македонското население е раселено по Воениот конфликт во 2001 година, односно тие се внатрешни бегалци. Кај албанското население има иселување во странство.

Општествени установиУреди

СтопанствоУреди

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2333, 2333/1, 2334, 2334/1, 2335, 2335/1, 2336, 2336/1, 2337 и 2337/1 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.[7]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви
  • Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново..

Редовни настаниУреди

Култура и спортУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 114-115.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.

Надворешни врскиУреди