Смиловци

село во Општина Чашка

Смиловци — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Смиловци

Новоизградени куќи во селото

Смиловци во рамките на Македонија
Смиловци
Местоположба на Смиловци во Македонија
Смиловци на карта

Карта

Координати 41°29′31″N 21°41′36″E / 41.49194° СГШ; 21.69333° ИГД / 41.49194; 21.69333
Регион  Вардарски
Општина  Чашка
Област Клепа
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1414
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29069
Надм. вис. 410 м
Смиловци на општинската карта

Атарот на Смиловци во рамките на општината
Смиловци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Патоказ за селото Смиловци

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југоисточниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, недалеку од поранешниот регионален пат Велес-Прилеп.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 31 километар.[2]

Селото се наоѓа на планината Бабуна, во подножјето на Штрби Камен. Поставено е кон северозапад и опкружено е од сите страни со планини така што климата е невообичаено блага за околното поднебје.

Историја

уреди

Во XIX век, Смиловци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 14,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.126 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 186 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948168—    
1953184+9.5%
1961190+3.3%
197185−55.3%
198136−57.6%
ГодинаНас.±%
199124−33.3%
199419−20.8%
200220+5.3%
20218−60.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смиловци имало 350 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смиловци имало 216 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Селото е мало, во фаза на целосно раселување, населено со македонско население. Во 1961 година селото броело 190 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 19 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Смиловци живееле 20 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 216 168 184 190 85 36 24 19 20 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Смиловци е македонско село.

Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се

  • Треневци (3 к.), Цветковци (1 к.), Шкуртовци (4 к.) и Димковци (2 к.) наведените родови во селото се староседелски. Во родот Шкуртовци се знае следното родословие: Ангеле (жив на 65 г. во 1966/67година) Анте-Пане-Мане-Бошко-Ангелко, основачот на родот.
  • Деспотовци (3 к.), Северџиновци (2 к.) и Тошовци (2 к.) доселени се од соседното село Поменово.
  • Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Никодин кај Прилеп.
  • Јасеновци (1 к.) доселени се од сега раселеното село Јасеново.
  • Топузовци (1 к.) доселени се од селото Степанци.[11]


Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Извор.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Извор.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Смиловци, се наоѓале и селата Владиловци, Долно Врановци, Извор, Крњино, Мартолци, Поменово, Попадија, Стари Град и Степанци. Општината Извор постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во рамки на избирачкото место бр. 2244 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селски објект во селото Владиловци, во кое влегуваат и населените места Владиловци, Крнино, Поменово, Попадија и Степанци.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[14]
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 277. Посетено на 27 август 2018.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 август 2018.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован. Област Бабуне и Тополке. Скопје.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 август 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 27 август 2018.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди