Отвори го главното мени

Владиловци

село во Општина Чашка

Географија и местоположбаУреди

 
Улица во селото Владиловци

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југозападниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, чиј атар, на тесен дел, се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 460 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 30 километри, а од планираниот регионален пат Велес-Прилеп три километри.[2]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на областа Клепа, оддалечено 21 километар јужно од општинскиот центар Чашка.

ИсториjaУреди

Во XIX век, Владиловци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 25,8 км². На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.143,9 хектари, на шумите отпаѓаат 627,9 хектари, а на обработливото земјиште 612,4 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита функција.[2]

Населението најмногу одгледува тутун, домати, пиперки, грав и компири. Исто така, населението се занимава и со собирање шумски плодови. Покрај полјоделство, жителите чуваат крупен и ситен добиток, како и живина. Најзастапени се говедата, овците и козите.[3]

НаселениеУреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Владиловци имало 500 жители, сите Македонци.[4]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Владиловци имало 680 жители.[5]

Од Владиловци се иселил мошне голем број од населението. Така, во 1961 година, селото броело 408 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 59 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Владиловци живееле 77 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500 680 401 458 408 233 135 76 59 77
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

РодовиУреди

Селото Владиловци во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед кои се делат на староседелски и доселенички. Старинечки македонски родови во Владиловци се: Богевци, Влчевци, Симоновци трите родови слават Свети Никола; Китановски, Грујовци слават Митровден, Ангелковци слават Петковден[9]. Доселенички македонски родови се: Долевци се доселени од некаде и слават Св. Ѓорѓи - зимен (Св. Алимпиј Столпник), Зеленгоровци кои слават Св. Никола се доселиле од соседното сега раселено село Јасеново, Крнинци (слават Св. Архангел) дошле после Првата светска војна од соседното село Крнино, Богомилци (слават Св. Никола) дошле во 1919 година од Богомила каде припаѓале на родот Нацевски, Орешанци (слават Св. Никола) дошле од Ореше во 1951 година на купена земја[9].

Општествени установиУреди

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Извор.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Извор.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Владиловци, се наоѓале и селата Долно Врановци, Извор, Крњино, Мартолци, Поменово, Попадија, Смилевиќ, Стари Град и Степанци. Во периодот 1950-1952 година, селото Владиловци било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Владиловци, Крнино и Попадија.

Изборно местоУреди

Во селото постои изборно место бр. 2244 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селски објект, во кое влегуваат и населените места Крнино, Поменово, Попадија, Смиловци и Степанци.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 49 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Влезот во главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки локалитети[12]
  • Јасеново — некропола од римско време; и
  • Стара Црква — населба и некропола од доцноантичко време и средновековна црква со некропола.
Цркви[13]
Реки[3]


ЛичностиУреди

Родени во Владиловци
Починати во Владиловци

ГалеријаУреди

Панорами од селото

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 11 август 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 55. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 август 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 „Саем на здрава храна“. Општина Чашка. конс. 11 август 2018. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 211-212.
  10. „Описи на ИМ“. конс. 11 август 2018. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 11 август 2018. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врскиУреди