Зашле

село во Општина Демир Хисар


Зашле — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Зашле
Викиекспедиција Железник 72.jpg

Поглед на селото Зашле

Зашле во рамките на Македонија
Зашле
Местоположба на Зашле во Македонија
Зашле на интерактивна карта

Карта

Координати 41°22′20″N 21°08′35″E / 41.37222° СГШ; 21.14306° ИГД / 41.37222; 21.14306Координати: 41°22′20″N 21°08′35″E / 41.37222° СГШ; 21.14306° ИГД / 41.37222; 21.14306
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 12 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10017
Надм. вис. 1233 м
Слава Илинден
Ѓурѓовден[2]
Зашле на општинската карта
Зашле во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Зашле во рамките на општината
Commons-logo.svg Зашле на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Зашле се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместено на 28 километри од општинското средиште, градот Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.[3]

 
Поглед на планината Лубен над селото

Селото Зашле се наоѓа на крајниот североисточен дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на општините Крушево и Кичево. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 19,1 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 1.242,6 хектари, на шумите отпаѓаат 515,4 хектари, а на обработливото земјиште 140 хектари.[3]

Селото се граничи со селата Брезово и Кочиште (обете во Општина Демир Хисар), селата Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река (сите во Општина Крушево) и селото Цер (сместено во Општина Кичево).

Во селото има две прекрасни природни чешми за вода кои секогаш се со исти капацитет на истечност.

Од 1996 година патот е целосно асфалтиран[4], има водоводна мрежа низ целото село и телефонска говорница на сретсело до старото основно училиште и селската продавница, кои за жал сега се напуштени.

ИсторијаУреди

Во XIX век, селото Зашле било дел од Битолската каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

 
Поглед на планината Лубен над селото

Во минатото, населението се занимавало со производство на вар, која била продавана во градовите Прилеп, Крушево и Кичево. Воедно, главна стопанска гранка била и сточарството, кое денес е сведено на само едно стадо овци од 150 грла и 30-40 кози.[4]

Селото има мешовита земјоделска функција. Поради планинската клима и недопрената природа, во поново време особено е развиено пчеларството.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948414—    
1953453+9.4%
1961402−11.3%
1971201−50.0%
1981103−48.8%
ГодинаНас.±%
199152−49.5%
199448−7.7%
200242−12.5%
202112−71.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зашле имало 280 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зашле имало 320 жители.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 320 414 453 402 201 103 52 48 42 12
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

РодовиУреди

Зашле е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[12]

  • Староседелци: Шулевци (6 к.) и Карадаг (1 к.).
  • Доселеници со непознато потекло: Раменовци или Илијовци или Рибаровци (24 к.), Пејовци (23 к.), Богдановци (14 к.) и Малци (11 к.). За Пејовци се мисли дека потекнуваат од предок Ром (Ѓуптин), а за Малци дека потекнуваат од предок Влав.
  • Доселеници со познато потекло: Спасеновци (1 к.), доселени се од селото Велмевци и Аризовци (5 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај.

Општествени установиУреди

 
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Зашле, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Кочишта и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочишта, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 650 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Караиче — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време;
  • Кале — населба од средниот век;
  • На Куќишта — некропола од доцноантичко време;
  • Старо Кочиште — населба од средниот век.
Цркви[16]
Манастири
Споменици
  • Споменик од НОБ

Редовни настаниУреди

  • Илинденски денови

ЛичностиУреди

ИселеништвоУреди

До 1951 година од селото имало иселеници во САД (1 семејство), Србија (11 семејства, во Јабука, Белград, Стари Бечај, Рума и во Крагуевац), Романија (4 семејства), Крушево (4 семејства) и во Бугарија (2 семејства). По иселувањето на муслиманите од селото Кочиште неколку семејства од Зашле се населиле во тоа село.[12]

После 1960 година голем број од населението е иселено во Скопје, Демир Хисар, Битола, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.[23]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 129. Посетено на 16 ноември 2016.
  4. 4,0 4,1 Казиовска, Соња (7 август 2015). „Во Зашле 20 години немало ниту свадба ниту заплакало новороденче“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 19 ноември 2016.[мртва врска]
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 ноември 2016.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. 17,0 17,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. 18,0 18,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. 20,0 20,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врскиУреди