Осломеј
Осломеј — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево и центар на поранешната Општина Осломеј. Осломеј се смета за родно место на македонскиот преродбеник Јоаким Крчовски.
Географија и местоположбаУреди
Селото Осломеј се наоѓа во областа Горно Кичево, на реката Темница, на 8 километри северно од Кичево.
ИсторијаУреди
Во XIX век селото е дел од Кичевската каза во Отоманската Империја.
ДемографијаУреди
Според податоците од 1873 година, селото имало 16 домаќинства со 44 жители христијани (Македонци).[1]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Осломеј живееле 192 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Осломеј имало 240 Македонци, егзархисти.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 40 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 40 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 0 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 192[2] | 240[3] | 226 | 239 | 201 | 118 | 102 | 58 | 57 | 40 |
РодовиУреди
Осломеј е чисто македонско православно село, зачувано помеѓу муслимански села. Сите родови во селото се доселенички.
Родови во селото се: Кузмановци (2 к.), доселени се од некое село во Дебарско, во почетокот на ХVIII век, од овој род потекнува познатиот преродбеник Јоаким Крчовски, ја знаат следната генеологија Блаже (жив на 42 год. во 1961 година) Крсте-Цветан-Ѓино-Кузман; Велковци (6 к.), доселени се од соседното торбешко село Долно Строгомиште, доселени се после родот Кузмановци; Николовци (4 к.), доселени се од некое село во Охридско, доселени се одма после родот Велковци; Момковци (4 к.) и тие се доселени од некое село во Охридско, ја знаат следната генеологија Трајан (жив на 75 год. во 1961 година) Софе-Димо-Момко кој се доселил, наведените претци Софе и Димо биле убиени од страна на Албанците од соседното село Црвивци; Цветковци (6 к.), Ѓурчиновци (3 к.) и Порталовци (1 к.) се доселеници од непознато место, основачот на родот Порталовци го чувал влезот на Кичевската тврдина и по тоа го добиле името и Анѓелевци (3 к.), доселени се од кичевското село Раштани.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Малезовци (2 к.) и Портаровци (1 к.) староседелци; Момковци (2 к.) доселени се од охридско; Велковци (8 к.) доселени се од местото Куќиште поради зулум; Анѓелевци (2 к.) доселени се од селото Раштани; Николовци (5 к.) доселени се од охридско; Мицковци (1 к.) доселени се од местото Куќиште; Крнаковци (2 к.) доселени се од селото Кнежино; Огненовци (8 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово.[6]
ЛичностиУреди
- Јоаким Крчовски — македонски преродбеник, роден во Осломеј.
НаводиУреди
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2019-11-02.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Осломеј на Google Maps.
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |