Крушица (Кичевско)

село во Општина Кичево

Крушица — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Крушица

Сретселото на Крушица

Крушица во рамките на Македонија
Крушица
Местоположба на Крушица во Македонија
Крушица на карта

Карта

Координати 41°31′27″N 21°3′6″E / 41.52417° СГШ; 21.05167° ИГД / 41.52417; 21.05167
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Рабетинкол
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12038
Надм. вис. 788 м
Крушица на општинската карта

Атарот на Крушица во рамките на општината
Крушица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Рабетинкол, во јужниот дел на Кичевската Котлина, во источниот дел на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 890 метри. Од градот Кичево е оддалечено 17 километри.[2]

Куќите на ова мало село се наоѓаат на пространа тераса на надморска височина од 880 метри. Околу селото се наоѓа дабова шума. Околни села се: Светораче, Орланци и Рабетино.[3] Селото се наоѓа на источните падини на планината Челоица.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Селиште, Црквица, Петров Камен, Волкоа Ледина, Вртешка, Пресека, Раскрсница, Чифлик, Нивиште, Краста, Барки, Требенички, Калуѓеро, Лалеј Трла, Ливади, Голема Нива, Зад Јасики, Длага Ледина, Вирои, Урвиште, Мечко Трло и Купеница.[3]

Селото е од збиен тип и не се дели на маала, бидејќи е мало. Сепак, роднинските куќи се наоѓаат поблизу една до друга.[3]

Историја

уреди
 
Споменик за Кочо Матевски на сретсело

Крушица е старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се споменува во турските пописни дефтери во втората половина на XV век, кога имало 32 словенско-христијански семејства,[3] со 28 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[4]

Традицијата наведува дека селото било доста поголемо, но подоцна тоа село пропаднало. Од ова село има остатоци од куќи и гробови на месностите Горно Селиште, Долно Селиште и други. Околу селото се наоѓа и месноста Црквица, каде се наоѓаат „ѕитчиња“, кои мештаните ги посетувале на Петковден.[3] Се претпоставува дека иселените од тоа село преминале во истоимено село во Банат.[5]

Денешното село било основано околу 1820 година, кога го основал предокот на родот Бурџиовци, доселен од некое село од околината на Тетово. После тоа биле доселени и предците на другите родови. Селото од 1870 станало мешано, македонско-торбешко, бидејќи некој Лале од родот Крстески во кавга го убил селскиот ковач (муслиман), поради што Лале со неговото семејство се иселил од Крушица, а на нивно место се доселиле тројцата синови на убиениот ковач. Подоцна, дошло и четврто торбешко семејство. Нивните куќи биле сместени во источниот дел на селото наречен Чифлик, а во селото останале до 1912 година, кога се преселиле во Кичево.[3]

Во XIX век, Крушица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот е мал и зафаќа простор од 3,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 258 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 69 хектари, а на пасиштата 33 хектари.[2]

Во минатото дека живееле торбешките семејства, најдоброто обработливо земјиште било во нивен посед.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948138—    
1953127−8.0%
1961103−18.9%
197163−38.8%
198130−52.4%
ГодинаНас.±%
199115−50.0%
199410−33.3%
20025−50.0%
20210−100.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 26 жители христијани (Македонци).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крушица имало 148 жители, од кои 128 Македонци и 20 Албанци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Крушица имало 128 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крушица се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Крушица:[10]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
16 23 4 0 4 50 49 99

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[11]

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Тоа, во 1961 година броело 109 жители, од кои 100 биле Македонци, а тројца жители Албанци, а во 1994 година само 10 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Крушица живееле 5 жители, сите Македонци.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 148 128 138 127 103 63 30 15 10 5 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

уреди

Селото Крушица е населено со православни Македонци. Сите родови во селото се доселенички.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Бурџиовци (7 к.), најстар род во селото и основачи на денешната Крушица. Доселени се од некое село во Тетовско во 1820 година; Здравевци (4 к.), доселени се одма после родот Бурџиовци, доселени се од раселениот град Закамен, Малесија; Крстевци (11 к.), доселени се после родот Здравевци, т.е. околу 1830 година, доселени се од некое село во Гостиварско, го знаат следното родословие: Софе (жив на 74 г. во 1961 година) Никодим-Петре-Крсте, основачот на родот кој се доселил.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[5] Буржијовци (10 к.), доселени се однекаде; Шути-Петковци (19 к.), доселени се од околината на Призрен во Косово. По некоја преселба. Некои се вратиле назад и царот ги помилувал. Но, тие не се населиле на старото место, туку избегале во ново место. Некој Крсто му бил нешто должен на некој Турчин шест гроша. Но бидејќи Крсто немал да му врати дошол Турчинот и му ја запалил куќата, и потоа пребегнале најпрво во Гостиварско. Од овој род потекнувал Кочо Куршумот.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Крушица, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Крушица во периодот 1950-1952 се наоѓало во некогашната Општина Светораче, во која тогаш влегувале селата: Дупјани, Козичино, Крушица, Речани, Рабетино, Светораче и Патец.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0811 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница во селото Светораче. Во ова избирачко место е опфатено и селото Светораче.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Богородица“
Цркви[20]
Споменици

Личности

уреди
Родени или по потекло од Крушица

Иселеништво

уреди

До 1912 година во селото живееле и Торбеши, но тие се иселиле во Кичево (од каде и биле населени од Османлиите во 1870 година). Во турско време македонски иселеници од селото имало во гостиварско. Потоа за време на Југославија македонското население од селото се иселувало во Скопје, Кичево и Суботица, каде работеле како пекари.[3]

Најголемите иселувања од селото се случиле по Втората светска војна.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 153. Посетено на 5 декември 2020.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 21–22.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 225
  5. 5,0 5,1 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 37.
  10. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 декември 2020.
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 декември 2020.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 5 декември 2020.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди