Џепин
Џепин — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположбаУреди
Џепин се наоѓа северно од градот Струга, западно од Корошишта и источно од Делогожди.
ИсторијаУреди
Во XIX век селото било дел од Охридската каза во Струшката нахија во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Џепин имало 12 жители, сите Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, селото брои 424 жители, од кои 423 Албанци и 1 останат.[3] На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 12[2] | 67 | 106 | 144 | 189 | 311 | 345 | 424 | 122 |
РодовиУреди
Џепин е албанско село.
Родови во Џепин се: Бафтијари (5 к.) и Камбери (3 к.) доселени се од соседното село Делогожди, они се први доселеници; Велију (13 к.) доселени се исто така од Делогожди, одма после претходните родови, го знаат следното родословие: Верит (жив на 65 г. во 1980 година) Реџеп-Емин-Велију, основачот на родот кој се доселил. Нивното подалечно потекло е од Дебарско; Делогождани (7 к.), Корошиштани (4 к.) и Песочани (2 к.). Првите се доселени од селото Делогожди, вторите од селото Корошишта, а третите од селото Песочани, Дебрца.[5]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |