Калдирец

село во Општина Студеничани

Калдирец — село во Општина Студеничани, Скопско. Денес нема жители.[2]

Калдирец
Калдирец во рамките на Македонија
Калдирец
Местоположба на Калдирец во Македонија
Калдирец на интерактивна карта

Карта

Координати 41°49′58″N 21°27′32″E / 41.83278° СГШ; 21.45889° ИГД / 41.83278; 21.45889Координати: 41°49′58″N 21°27′32″E / 41.83278° СГШ; 21.45889° ИГД / 41.83278; 21.45889
Регион Logo of Skopje Region.svg Скопски
Општина Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани
Област Торбешија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1050
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25071
Надм. вис. 740 м
Калдирец на општинската карта
Калдирец во Општина Студеничани.svg

Атарот на Калдирец во рамките на општината
Commons-logo.svg Калдирец на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Торбешија, на северните падини на Голешница. Лежи од левата страна на Кадина Река, на надморска височина од 740 м.[3]

ИсторијаУреди

Калдирец не е заведен како одделно село во разните пописи и прегледи во XIX и почетокот на XX век, што значи дека веројатно бил маало на неко е од околните села.

ДемографијаУреди

На пописот од 1953 г. во селото се заведени 145 жители. Од нив 109 биле „Албанци“ и 36 „Турци“, но речиси сигурно е дека највеќето од нив биле Македонци-муслимани (Торбеши). Ситуацијата се променила во 1961 г. кога населението опаднало на само 40 жители, од кои 35 „Албанци“ и 5 „Турци“. Во текот на 1960-тите селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Калдирец немал ниеден жител.[2]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 134 145 40 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]


ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 144. ISBN 9989-862-00-1.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врскиУреди