Летевци
Летевци — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Летевци | |
Глетка на куќи во Летевци | |
Координати 41°50′57″N 21°42′15″E / 41.84917° СГШ; 21.70417° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Петровец |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25080 |
Надм. вис. | 451 м |
Летевци на општинската карта Атарот на Летевци во рамките на општината | |
Летевци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, оддалечено 35 километри јужно од Скопје и 20 километри јужно од општинскиот центар Петровец.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселението, повратниците и повремените жители најмногу се занимаваат со сточарство, со одгледување на говеда - крави од видот ридска буша и кози, за што постојат многу поволни услови од бројните ливади и нискостеблеста шума, како и посеви со јачмен.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 28 христијански семејства.[2]
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Летефче и било христијанско, каде имало 15 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 55 мажи христијани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 118 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 94 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Летевци живееле 150 жители, сите Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Од Летевци се иселил значителен број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 102 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 8 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Летевци живееле само 6 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 3 Македонци и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | — | 135 | 118 | 102 | 30 | 16 | 7 | 8 | 6 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиЛетевци е македонско село.
Селото Летевци во целост е населено со македонски православни христијански родови. Најголем дел од населението потекнува од староседелски родови кои се преселиле од пределот Старо Село и го основале Летевци, а тоа се родовите: Трајановци и Димовски кои слават Воведение на Пресвета Богородица, Дуковци и Ивковци кои слават Св. Архангел, Миајлевци со старо презиме Ристевци, Митковци, Куртовци и Јанковци кои слават Свети Никола.[13]. Доселенички род се Спасовски кои слават Св. Архангел, а се доселиле од околината на Кратово кои по Првата светска војна најпрвин се доселиле во велешкото село Иванковци, а во 1949 година се доселиле во Летевци[13].
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Маркови Кули - тврдина-гранична стража 1,2 км јужно од селото.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиЛичности родени во Летевци:
- Петре Трајковски (1921-1945) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.500
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 80-81