Железнец

село во Општина Демир Хисар


Железнец — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Железнец
Викиекспедиција Железник 55.jpg

Камбанаријата на црквата „Св. Богородица“ и дел од препознатливата архитектура во селото Железнец

Железнец во рамките на Македонија
Железнец
Местоположба на Железнец во Македонија
Железнец на интерактивна карта

Карта

Координати 41°19′27″N 21°03′47″E / 41.32417° СГШ; 21.06306° ИГД / 41.32417; 21.06306Координати: 41°19′27″N 21°03′47″E / 41.32417° СГШ; 21.06306° ИГД / 41.32417; 21.06306
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 16 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10014
Надм. вис. 720 м
Слава Голема Богородица[2]
Железнец на општинската карта
Железнец во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Железнец во рамките на општината
Commons-logo.svg Железнец на Ризницата

Селото е познато по изворите на Црна Река, а воедно од 2004 година претставува заштитен споменик на културата, поради препознатливата архитектура присутна во селото.[3]

Географија и местоположбаУреди

Селото Железнец се наоѓа во северозападниот дел на Општина Демир Хисар, сместено во непосредна близина на изворот на Црна Река. Атарот зафаќа простор од 12,8 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 547,2 хектари, на шумите отпаѓаат 350,8 хектари, а на обработливото земјиште 151,1 хектар. Селото е сместено на 720 метри надморска височина.[4]

Во атарот на самото село се наоѓаат изворите на Црна Река. Најголемиот извор е врелото Црна Дупка што се наоѓа над селото Железнец, додека во месноста Горно Маало има уште два извори, иако со помала издашност, никогаш не пресушиле.[3]

Железнец е сместено во клисура на самиот регионален пат Битола-Кичево.

Околни села: Големо Илино од запад, Велмевци од север, Брезово од исток, Доленци од југоисток и Мало Илино и Бабино од југозапад и југ.

ИсторијаУреди

Наоѓалиштето Железник е сместено високо над селото. Потекнува од античкиот период, а во историските извори се јавува под три имиња: Градиште, Сидеро Кастрон и Железник. Во римскиот период овој град бил забележан како Сидеро Кастрон, а во средновековието како Железник, под кои име постоел сè до XIV век, кога бил „избришан“ од географската карта.

Во XIX век, Железнец било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Денешните остатоци од градот го исцртуваат главниот дел, во елипсоидна форма, со димензии север-југ околу 300 м. и исток-запад 55-70 м. Градот бил природно заштитен од јужниот и југозападниот дел со стрмните падини високи над 8 м. Бедемот од источната страна сè уште може да се следи во целина. Влезната капија сè уште се забележува. На север, каде се соединуваат источниот и западниот бедем се наоѓаат остатоци од заштитната кула. На тврдината се забележуваат и остатоци од црква, бунар и камена рачна мелница.[5]

СтопанствоУреди

Најголем дел од постојаните жители на селото Железнец се занимаваат со земјоделство, како и со собирање печурки, билки и разни други шумски плодови.[6]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948385—    
1953398+3.4%
1961311−21.9%
1971295−5.1%
1981133−54.9%
ГодинаНас.±%
199193−30.1%
199486−7.5%
200257−33.7%
202116−71.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Железнец имало 320 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Железнец имало 320 жители.[8]

Од Железнец потекнува значителна емиграција на населението. Така, селото во 1961 година броело 311 жители, а во 1994 година 86 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Железнец живееле 57 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, од кои 13 Македонци, 1 останат и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 320 385 398 311 295 133 93 86 57 16
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

РодовиУреди

Железнец е во целост населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во Железнец живееле следните родови, поделени според потеклото на:

  • Староседелски: Пејчиновци (4 к.), Волчевци (4 к.), Ночевци (6 к.), Ѓоргијовци (6 к.), Бачковци (6 к.), Гроздановци (5 к.), Шеповци (7 к.), Секуловци (10 к.) и Димовци (4 к.).
  • Доселеници со непознато потекло: Малевци (2 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Ламбовци (4 к.) доселени се од селото Брежани, Дебрца. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 70 г. во 1951 година) Богоја-Стојко-Трајан, кој се доселил од Брежани; Неделковци (4 к.) доселени се од селото Оздолени, Дебрца. Го знаат следното родословие: Симјан (жив на 90 г. во 1951 година) Илија-Неделко-Огнен-Ноче, се доселил негов дедо.[15]

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Железнец, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Доленци, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 649 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска зграда.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Поглед на изворот на Црна Река
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Во Гарон — населба и топилница од доцноантичкото време;
  • Градиште — населба од раноантичко време, опидум од доцноантичко време и средновековна тврдина;
  • Даркојца — населба од доцноантичко време;
  • Спилје — населба од доцноантичко време.
Цркви[19]
Реки
  • Црна Река — изворите на Црна Река се наоѓаат во самото село
Споменици
  • Споменик од НОБ за загинатите селани

Култура и спортУреди

Селото од 2004 година претставува заштитен споменик на културата како целина.[3]

Иако било заштитено од страна на државата, сепак многуте стари селски куќи пропаѓаат, напуштени од самите сопственици, а без соодветна заштита од страна на властите.[6]

ЛичностиУреди

ИселеништвоУреди

Иселеници од селото до 1951 година имало во Бугарија (3 семејства, во Софија и во Русе), Битола (3 семејства), Србија (11 семејства, во Крагуевац и во Ниш), САД (1 семејство), Романија (9 семејства), Скопје (2 семејства).[15]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Изворите на реката Црна“. Скопје: МИА. 24 ноември 2015. Посетено на 16 ноември 2016.
  4. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 123. Посетено на 16 ноември 2016.
  5. Демир Хисар и Демирхисарско низ вековите и денес - Ванѓелко Лозаноски, Битола 2005
  6. 6,0 6,1 Б., А. (1 ноември 2011). „Железнец, споменик на културата што се распаѓа“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 16 ноември 2016.[мртва врска]
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 29 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  16. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)

Надворешни врскиУреди