Горно Кратово

село во Општина Кратово


Горно Кратово — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Горно Кратово
Панорама на Горно Кратово.jpg

Панорамска фотографија на селото Горно Кратово

Горно Кратово is located in Македонија
Горно Кратово
Местоположба на Горно Кратово во Македонија
Горно Кратово на интерактивна карта

Координати 42°05′37″N 22°12′24″E / 42.09361° СГШ; 22.20667° ИГД / 42.09361; 22.20667Координати: 42°05′37″N 22°12′24″E / 42.09361° СГШ; 22.20667° ИГД / 42.09361; 22.20667
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kratovo Municipality.svg Кратово
Област Осогово
Население 27[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14003
Надм. вис. 959 м
Горно Кратово на општинската карта
Горно Кратово во Општина Кратово.svg

Атарот на Горно Кратово во рамките на општината
Commons-logo.svg Горно Кратово на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

 
Истуреното маало Вељановец

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, недалеку од самиот град Кратово во северна насока, на оддалеченост од околу четири километри, па затоа селото припаѓа на рурбалната зона на самиот град.[2] Селото е раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 880 до 1.160 метри.[2]

Ова е село кое се наоѓа три километри североисточно од Кратово, во западните пазуви на планината Осогово. До самото село води земјен пат од самиот град.

За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, запишал дека е мало село сместено десно од реката на едно карпесто место во подножјето на Лисец (или Мушковска Планина) на половина час од градот.[3]

ИсторијаУреди

Во османлиските книги на немуслиманското население на Кратовскиот вилает од 1618-1619 година селото се води под името Горна Кратова со 21 домаќинства кои се обврзници на џизија.[4] Списокот на населените места и немуслиманските домаќинства во истиот вилает од 1637 вели дека во Горно Кратова има 25 домаќинства-обврзници.[5]

Според записите на Ѓорче Петров, Горно Кратово било мало село со 30 македонски куќи. Некогаш во атарот на селото се наоѓал горниот дел на Кратово, а откако се иселиле жителите во новото Кратово, тука останало едно селце.[3]

По Илинденското востание, во 1904 година поголем дел од селото потпаѓа под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Во селото работеле бугарско и српско училиште.

При избивањето на Првата балканска војна во 1912 година 20 луѓе од Горно Кратово одат како доброволци во Македонско-одринското ополченство.[7]

СтопанствоУреди

Атарот на селото зафаќа простор од 15,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 987,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 324,3 хектари, а на обработливите површини 124,7 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Според записите на Ѓорче Петров, мештаните му биле ратаи и носеле дрва во градот Кратово.[3]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948460—    
1953528+14.8%
1961367−30.5%
1971232−36.8%
ГодинаНас.±%
1981106−54.3%
199155−48.1%
199467+21.8%
200227−59.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Горно Кратово има 280 жители, сите Македонци христијани.[8] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно Кратово живееле 384 Македонци, од кои 320 под Бугарската егзархија и 64 под Цариградската патријаршија.[9]

Од селото се иселил добар дел од населението, така што селото преминало од средно по големина, во мало село. Во 1961 година селото броело 367 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 67 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Горно Кратово живееле 27 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[10] 1905[11] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 280 384 460 528 367 232 106 55 67 27
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политикаУреди

Кон крајот на XIX век, Горно Кратово било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0909 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Селската црква „Св. Троица“ во маалото Вељановец
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Градиште — градиште од доцноантичко време; и
  • Грамади — населба од доцноантичко време.
Цркви

ЛичностиУреди

Родени во или по потекло од Горно Кратово

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 октомври 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.
  3. 3,0 3,1 3,2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија. 384 (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.
  5. Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 52.
  6. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 839.
  8. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 130-131.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 14 октомври 2022.
  14. „Локални избори 2021“. Посетено на 14 октомври 2022.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 188. ISBN 9989-649-28-6.
  16. Осветување на храм посветен на Света Троица, во с. Вељановец и Света Литургија во Неделата на мироносиците

Надворешни врскиУреди