Горно Крушје (Порече)

село во Општина Македонски Брод

Горно Крушје — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Горно Крушје

Панорамски поглед на селото Горно Крушје

Горно Крушје во рамките на Македонија
Горно Крушје
Местоположба на Горно Крушје во Македонија
Горно Крушје на карта

Карта

Координати 41°34′56″N 21°7′51″E / 41.58222° СГШ; 21.13083° ИГД / 41.58222; 21.13083
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 9 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03027
Надм. вис. 1.160 м
Горно Крушје на општинската карта

Атарот на Горно Крушје во рамките на општината
Горно Крушје на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.160 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 17 километри.[2]

Атарот е заеднички со селото Долно Крушје, кој зафаќа површина од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.000,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 540,6 хектари, а на пасиштата 270,2 хектари.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат, кој води од рамничарското село Слатина.

Историја

уреди

Во XIX век, Горно Крушје било село во рамките на Поречката нахија во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948417—    
1953419+0.5%
1961382−8.8%
1971327−14.4%
1981192−41.3%
ГодинаНас.±%
199180−58.3%
199466−17.5%
200244−33.3%
20219−79.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 512 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 560 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Од Горно Крушје се иселил значителен дел од населението. Така, во 1961 година селото броело 382 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 66 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Горно Крушје имало 44 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 3 Македонци и 6 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 512 560 417 419 382 327 192 80 66 44 9
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди
 
Оштетен асфалтен пат кон селото
 
Поглед на главната селска црква „Св. Талалеј“

Горно Крушје е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Најпрво селото се наоѓало повисоко, па од таму се спуштиле родовите Тодевци и Главевци и го основале селото на денешното место.[13]

Родови во Горно Крушје се:

  • Доселеници: Џуаловци (17 к.), Огњановци (15 к.) и Главевци (5 к.) се еден род, цел род е доселен од некое место во Косово. За Огненовци и Џуаловци постои и второ предание, според кое се доселени од костурско во Егејска Македонија.[14] ; Тодевци (22 к.), доселени се од раселениот град Закамен во околината на Елбасан (како кажуваат жителите на овој род).

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Горно Крушје се наоѓале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0234 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[18]

Личности

уреди
  • Димо Грозданоски, еден од најголемите револуционери и организатори на МРО во Порече, соработувал со Даме Груев.
  • Блаже Кузманоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Ѓорче Михаилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Нове Трајчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Тофе Секулоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Китан Секулоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Санде Секулоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Стојан Мирчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Трпе Пејоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Трајче Грозданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Зоре Волчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Здраве Илиески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Сигевој Даrоманоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Иронлија Стојаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Софронија Кудоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Стојмен Мариоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Спирко Костадиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Јосиф Костадиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Крсте Наумоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Ристенија Кузманоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Атанас Стојаноски (1918 - 1944) — загинат во НОБ.[20]
  • Боге Богески (1923 - 1945) — загинат во НОБ.[20]
  • Ѓоргија Симоноски (1915 - 1944) — загинат во НОБ.[20]
  • Милан Алампиоски (1926 - 1945) — загинат во НОБ. од Горно или Долно Крушје.[20]
  • Петре Богески (1923 - 1945) — загинат во НОБ.[20]
  • Генко Стеваноски (1912 - 1943) — загинат во НОБ.[20]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 79. Посетено на 29 септември 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 септември 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 316.
  14. Вражиновски, Танас (1986). Македонски народни преданиа, книга I. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 19,11 19,12 19,13 19,14 19,15 19,16 19,17 19,18 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 20,5 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди