Рамна
Рамна — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.
Рамна | |
![]() Традиционална староградска архитектура во селото | |
Координати 41°5′23″N 21°11′8″E / 41.08972° СГШ; 21.18556° ИГДКоординати: 41°5′23″N 21°11′8″E / 41.08972° СГШ; 21.18556° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Ѓават-Кол |
Население | 22 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7314 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 02100 |
Надм. вис. | 820 м |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, од десната страна на реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 17 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема простор од 310 хектари, на пасиштата отпаѓаат 267 хектари, а на шумите 112 хектари.[2]
Историја уреди
Во XIX век, Рамна било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство уреди
Селото има полјоделска функција.[2]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамна имало 440 жители, од кои 210 Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамна имало 486 жители.[4]
Селото е мало, коешто во 1961 година имало 299 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 86 жители, од кои 79 се Македонци и 6 Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Рамна имало 61 жител, од кои 53 Македонци, 7 Албанци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 12 Македонци, 9 Албанци, 1 останат и 11 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | 486 | 310 | 325 | 299 | 285 | 256 | 109 | 86 | 61 | 22 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови уреди
Рамна е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
- Староседелски родови: Јосифовци (12 к.), Лазаровци (5 к.), Савевци (5 к.), Митревци (4 к.), Димовци (3 к.), Ѓерасимовци (2 к.) и Филиповци (2 к.).
- Доселенички родови: Лозановци (4 к.) доселени се од околината на Ѓирокастро во Албанија, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 72 г. во 1951 година) Неделко-Анаќија-Лозан кој се доселил со своите 5 синови. Од Ѓирокастро избегале од крв. Кога бил жив Неделко во Рамна се населиле Албанци муслимани; Базјаловци (7 к.) родот го основал Коте кој се доселил од селото Стрежево; Настевци (2 к.) имаат исто потекло како и Базјаловци; Карапетковци (4 к.) доселени се во турско време од Ѓавато; Чашунковци (1 к.) доселени се од селото Загориче воЖелезник; Анчевци (2 к.) и Ќуљумој (2 к.) однекаде се доселени пред 1912 година.
Албанци: Бесимовци (2 к.) доселени се во XIX век од некое место во Јужна Албанија.[11]
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Рамна се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачко место бр. 0209 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости уреди
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Вишна — црква и некропола од средниот век;
- Раменска Тумба — базилика од старохристијанско време; и
- Раменска Грмада — депо на монети од средниот век.
- Цркви[16]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква изградена во 1885, сместена во Горното Маало на селото;[11]
Личности уреди
- Партизани[17]
- Илија Кркушевски (1929-1945) — партизан
- Цветан Митревски (1926-1945) — партизан
- Танас Лозановски (1922-1945) — партизан
Иселеништво уреди
До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (5 семејства), САД (18 семејства), Бугарија (1 семејство), Скопје (1 семејство) и во Србија (1 семејство).[18]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија), и низ Европа.[19]
Во 1912 година 70 до 80 албански семејства се иселиле од селото. Тие се населиле во Битола и во Турција.[11]
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 253. Посетено на 25 ноември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 ноември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 25 ноември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 25 ноември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Настани 1945 година. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола.
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-07-17.