Бороец

село во Општина Струга


Бороец (познато и како Боровец) — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Бороец
Бороец 03.jpg

Поглед на селото Бороец

Бороец is located in Македонија
Бороец
Местоположба на Бороец во Македонија
Координати 41°17′21″N 20°35′45″E / 41.28917° СГШ; 20.59583° ИГД / 41.28917; 20.59583Координати: 41°17′21″N 20°35′45″E / 41.28917° СГШ; 20.59583° ИГД / 41.28917; 20.59583
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Област Дримкол
Население 629[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6336
Повик. бр. 046
Надм. вис. 780 м
Слава Голема Богородица
Бороец на општинската карта
Бороец во Општина Струга.svg

Атарот на Бороец во рамките на општината
Commons-logo.svg Бороец на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 629 жители. Селото е претежно населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци поради религиско-политички причини.

ЕтимологијаУреди

Името на селото прв пат е споменато како „Боровец“ во XVI век. Името е изведено од проширената основа „боров-“ и суфиксот „-ец“, кое има значење „дол, поток, кладенец во борова шума“. Друго објаснување е дека потекнува од личното име „Боро“.[2]

Географија и местоположбаУреди

 
Поглед на селото

Бороец е најсеверно село во областа Струшки Дримкол. Се наоѓа на карстна рамнина, која се шири од исток и падината на планината Јабланица од запад. Најблиски села се: Лабуништа, Ташмаруништа и Јабланица (Дебарски Дримкол).[3]

На нискиот дел од атарот, источно од селото, се наоѓаат следниве месности: Паркатица, Војским, Градиште, Бигор, Виришта, Стара нива, Танасков трап, Воденички трап, Лојзиште, Белкица, Присој, Црковница, Манастириште, Лекоита вода, Лажец, Радец клаенец, Рамништа, Милоски дол, Квачица, Русквец и Станчец.[3]

Во планинскиот дел на атарот, западно од селото, се наоѓаат следниве месности: Мартини села, Горни крај, Бошков рид, Пиштејца, Чуки, Љореши, Бели песоци, Грагор, Илин камен, Длабоки дол, Лакој лозја, Вељак, Петров камен, Грмаѓе, Кунеј ливаѓе, Чрника, Голема равен, Петрчец, Кошон, Слива, Мислим кутел, Ќеримов гроб и Стрижак.[3]

Бороец има збиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно. Во секое маало, куќите се групирани по родови. Поголеми родови се: Даговци, Крстановци, Мачовци, Алијевци и други.[3]

Селото се наоѓа во северозападните делови на областа Струшки Дримкол, на 17 километри оддалеченост од градот Струга. Селото лежи во подножјето на Јабланица.

ИсториjaУреди

 
Анастас Крстев Стојчев - виден духовник од Бороец

Селото Бороец спаѓа во постарите села во Струшко. Најпрвин се наоѓало на пониска местоположба, во самата клисура на Црн Дрим, на селиштето Стар Бороец. Селиштето се наоѓа на десниот брег на реката. Меѓутоа, жителите оттаму одамна се иселиле поради Турците. Побогатите заминале подалеку, додека посиромашните се поместиле погоре, за да се склонат од патот. Денес, селиштето Стар Бороец, се наоѓа во атарот на селото Ташмаруништа.[3]

Во историските извори, Бороец прв пат се спомнува како дервенџиско село во 1582 година, кога имало само 30 христијански домаќинства.[3]

Жителите на селото Бороец останале христијани до 1750 година, кога некој селанец по име Илија (веројатно од родот Шуменковци) преминал во ислам и го добил името Алија. Неговите браќа останале христијани. Од него се раширил родот најголемиот селски род Алијевци со околу 60 куќи.[3]

Во XIX век, Бороец било село во рамките на Струшката каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Селото има голем потенцијал за сточарство, особено за одгледување кози, кое се практикувало до Втората светска војна, кога истото било забрането. Шумските подрачја околу селото имаат услови за лов. Условите за полјоделство се скромни, поради што во селото отсекогаш постоело печалбарството.[3]

НаселениеУреди

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 172 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бороец имало 560 жители, од кои 360 жители Македонци христијани и 200 Македонци-муслимани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бороец имало 320 жители.[6]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Бороец живееле 629 жители, од кои 193 Македонци, 74 Албанци, 175 Турци и 187 останати.[1]

Селото е претежно населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци поради религиско-политички причини.

Во поглед на мајчинот јазик, населението се изјаснило како:[1]

јазик вкупно
македонски јазик 620
албански јазик 3
турски јазик 2
други 4

Од религиски аспект, во пописот од 2002 година, се регистрирани:[1]

религија вкупно
муслимани 560
православни 63
други 6

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 560 320 676 698 721 779 804 923 970 629
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Во селото живее христијанско-македонско население и муслиманско-торбешко население, кои потекнуваат од староседелци и доселеници.[3]

Христијанско-македонски родови се: Шуменковци или Шуминовци (2 к.), сместени во Долно Маало; Даговци (4 к.); Русевци (4 к.); Крстановци (4 к.); Мачковци (4 к.); Поповци (3 к.); Зафировци (3 к.); Секуловци (2 к.); Иљовци (2 к.); Наумовци (1 к.); Благојевци (1 к.) и Стевановци (1 к.). Родот Мачковци се наоѓаат половина километар надвор од селото.

Муслиманско-торбешки родови се: Алијоски (околу 60 к.) и Медурци (околу 16 к.), староседелци; Ибраимовци (8 к.) и Рамановци (7 к.), исто така староседелци; Нуровци (6 к.), доселени од селото Стеблево, Голо Брдо; Црневци или Кленковци (2 к.) доселени од селото Клење, Голо Брдо, и Зуберовци (4 к.), гранка на родот Црневци.

Општествени установиУреди

 
Поглед кон училиштето во селото
  • Основно училиште „Мурат Лабуништи“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Мурат Лабуништи“ - Лабуништа
    • Првото училиште во селото потекнува од 1868 година, а во тоа училиште предавале неколку познати учители. Тука некое време предавал и Анастас Стојчев од соседното Лабуништа.[3]

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Лабуништа.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Велешта.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Лабуништа, во која покрај селото Бороец, се наоѓале и селата Лабуништа и Подгорци. Во периодот 1950-1952 година, селото Бороец било седиште на некогашната општина Бороец, во која влегувале селата Бороец, Јабланица и Лакаица.

Изборно местоУреди

Во селото постои изборно место бр. 1904 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 859 гласачи.[11] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 860 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]
Џамии[14]

Редовни настаниУреди

Во селото се празнуваат следниве настани:

ЛичностиУреди

Родени во Бороец

ИселеништвоУреди

Од Бороец се иселиле голем број христијани. Најголем дел од нив живеат во Белград и во Струга. Родот Боровичанци (3 к.) се иселиле во струшкото село Враниште. Муслиманите се иселувале во последно време и најмногу ги има во Охрид (15 к.), Струга (3 к.) и во Турција (5 к.).[3]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 1 октомври 2018. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 67. 
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 196-200. 
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 1 октомври 2018. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 1 октомври 2018. 
  12. „Референдум 2018“. конс. 1 октомври 2018. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. 14,0 14,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди