Барово (Скопско)
Барово — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во областа Каршијак, во подножјето на јужната падина на планината Водно.
Историја уреди
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Барово живееле 140 жители, од кои 105 Македонци и 35 Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, селото имало 23 жители, од кои: 9 Македонци, 13 Албанци и 1 Србин.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, сите Албанци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 100 |
1953 | 79 | 4 | 13 | — | — | — | ... | — | 96 |
1961 | 79 | 4 | 4 | ... | ... | — | ... | — | 87 |
1971 | 30 | 14 | — | — | ... | — | ... | — | 44 |
1981 | 26 | 11 | — | — | — | — | ... | — | 37 |
1991 | 6 | — | — | — | — | — | ... | — | 6 |
1994 | 10 | 11 | — | — | — | — | ... | — | 21 |
2002 | 9 | 13 | — | — | — | 1 | — | — | 23 |
2021 | — | 24 | — | — | — | — | — | — | 24 |
Родови уреди
Барово било македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:[5]
Македонски:
- Доселеници: Тодоровци (6 к.), Гроздановци (2 к.), Ивановци (1 к.), Мачингаровци (2 к.) и Таневци (2 к.) доселени се пред 269 години од сега раселеното село Сакум Село на Мокра Планина. Од сите родови има иселеници на полно места, како: Скопје (пет семејства), Петровец (три семејства), Долно Соње (две семејства) и во Маркова Сушица (тринаесет семејства).
Албански:
- Доселеници: Камберовци (2 к.) доселени се од Долен Дебар во Албанија. Од старото место се иселиле двајца браќа, едниот се населил во Зелениково, а другиот во Барово (Камбер). Во овој род го знаат следното родословие: Демир (жив на 80 г. во 1950 година) Беќир-Камбер, кој се доселил во селото. До 1944 година овој род бил поголем, но се смалил поради иселување во Скопје.
Културни и природни знаменитости уреди
- Цркви
- Археолошки наоѓалишта
- Барово — осамени наоди од римско време
- Градиште — градиште од доцноантичко време високо над селото
- Св. Атанасија — некропола од римско време
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. Филозофски факултет.
Надворешни врски уреди
- Сателитска снимка на Барово на Карти на Гугл