Долно Соње
Долно Соње (познато и како Долно Солње) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Долно Соње | |
Поглед на селото Долно Соње од патот за с. Осинчани | |
Координати 41°56′24″N 21°22′40″E / 41.94000° N; 21.37778° EКоординати: 41°56′24″N 21°22′40″E / 41.94000° N; 21.37778° E | |
Општина | ![]() |
Население | 689 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25541 |
Надм. вис. | 585 м |
Слава | Спасовден |
![]() |
Географиja и местоположбаУреди
Селото Долно Соње е сместено на јужната падина на Водно. Селото е дел од областа Каршијак. Оддалечено е 11,5 километри југозападно од Скопје.
ИсторијаУреди
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во рамките на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Економијата во селото е на ниско ниво и се заснова на една фирма во која се вработени 15 работници, останатата економија е дел од сточарството и земјоделството. Луѓето се претежно вработени во фабрики и мал дел се во компании.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Соње живееле 410 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Соње имало 384 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Соње живеат 689 жители, од кои:[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 678 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 2 |
Срби | 4 |
Бошњаци | 0 |
Други | 5 |
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410[1] | 504[2] | 873 | 818 | 778 | 705 | 617 | 603 | 601 | 689 |
РодовиУреди
Долно Соње е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
- Староседелци: Џуковци (2 к.), Каралковци (3 к.), Баревчиња (6 к.), Митревци (9 к.), Савевци (8 к.), Рустиковци (8 к.),Милевци (14 к.), Бардовчиња (8 к.), Марковци (5 к.) и Поповци (14 к.)
- Непознато потекло: Бужевци (4 к.), Бадаловци (2 к.), Китевци (3 к.), Соколовци (1 к.), Илиовци (6 к.), Стевановчиња (1 к.), Богдановци (6 к.), Пеќаковци (1 к.) и Димовци (3 к.) не знаат дали се староседелци, или доселени со непозната старина
- Доселеници: Тодоровциња (2 к.) доселени се од соседното село Барово. Таму имале истоимени роднини; Умаровци (7 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Малезанои (11 к.) родот го основал Стојан Малезан. Тој се доселил од селото Добри Дол; Јовевчиња (2 к.), Алтивој (2 к.) и Зенговци (2 к.) не знаат од каде се доселени.[5]
Општествени установиУреди
Општествени установи кои фукционираат во селото се :
- Основно училиште од прво до четврто
- Амбуланта
Самоуправа и политикаУреди
Селото е администрирано под раководството на месната заедница, црковниот одбор и општината Сопиште.
Културни и природни знаменитостиУреди
Водопадот „Прскало“ знаменитост, постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“.
Водопадот е реткост за околината на Скопје и тоа е причина повечќе туристите да го посетат.
Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите.
Црквите се културно-историско-верско наслетсво кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани,токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите.
Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој. Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои: староста на објектот, староста на фреските, иконте и иконостасот, се доаѓа со цел да се преспие и да воспостави црковна медицина.
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Поткарпа — осамен наод од римското време;
- Св. Спас — осамен наод од римското време;
- Чешма — осамен наод од римското време.
- Цркви
- „Вознесение Христово“ — главната селска црква;[7]
Редовни настаниУреди
ИселеништвоУреди
Селето има имиграција и тоа луѓето што во минатото мигрирале во градот повторно севраќаат назад. Селото има голем број викендаши. Во минатиот век имало 2-3 семејства кој го напуштиле селото и заминале во Австралија.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 206.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Пложен камен темелник на нова црква во село Долно Соње
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Долно Соње на Карти на Google